Превирања околу Чарши Џамија во Прилеп

Прилеп

Девет години по воениот конфликт, прилепската Чарши Џамија повторно ги разбранува духовите на минатото. Последниот обид на верниците од исламска вероисповед да го извршат својот обред во дворот на џамијата пропадна, под притисокот на многу граѓани кои тврдат дека никогаш нема да дозволат во центарот на Прилеп, пред овој значаен споменик на културата да се вршат молитвени обреди.
А, верниците велат дека веќе немаат простор каде да ги извршуваат обредите:
Одиме по куќите, јас ја отворив куќата само да се клањаме, да си ги вршиме верските обреди. Донесовме одлука и побаравме од ИВЗ да ни овозможи да вршиме верски обред во Чарши Џамија,

„Одиме по куќите, јас ја отворив куќата само да се клањаме, да си ги вршиме верските обреди. Донесовме одлука и побаравме од ИВЗ да ни овозможи да вршиме верски обред во Чарши Џамија,“

Вели Сабид Туроманоски, еден од прилепските верници од исламска вероисповед.

Прилепското муфтивство, доби одобрение за санација и реконструкција на Чарши Џамија на овој споменик на културата. Но, верниците инсистираат да биде активен верски објект, каде постојано ќе ги извршуваат своите молитви:

„Бараме и апелираме до господинот Никола Груевски и до владата на Република Македонија и до сите релевантни фактори од ЕУ да ни овозможат да си го вратиме овој споменик од прва категорија,“

Побара Мустафа Топалоски, муфтија од прилепското муфијство.

Верниците тврдат дека џамијата пред опожарувањето била активен верски објект во којшто тие ги извршувале своите обреди, но наспроти нивните тврдења голем број граѓани на Прилеп се децидни во тврдењата дека Чарши Џамија не била активна. Тие се
Никогаш Ромите овде не правеле обред. Ова што се случува е екстремна работа, мислам организирано
сеќаваат дека објектот со години бил заклучен и празен и под надлежност на Министерството за култура зашто е значаен споменик кој датира уште од 1475 година:

„Никогаш Ромите овде не правеле обред. Ова што се случува е екстремна работа, мислам организирано,“

Истакна Илија Димоски екс градоначалник и советник на актуелниот градоначалник Марјан Ристески. Димоски тврди дека по враќањето на турското население во Прилеп речиси пред две децении, во градот останало само едно турско семејство и оттогаш до опожарувањето никој не покажал интерес за Чарши Џамија:

„Локалната самоуправа е да се обнови, но да биде галерија и споменик на културата. Друга џамија ќе се гради ако се погодиме, ако се сложиме, на местото каде што живеат, значи во Тризла.“

Но, прилепското муфтиство сепак најавува дека ќе собере средства од верниците и ќе започне со реализација на проектот за реконструкција на џамијата во активен верски објект.