Дваесетина младинци, претежно студенти од Шведска, Шпанија, Италија и Србија како и неколкумина од Македонија на возраст од 16 до 20 години, деновиве во Прилеп во рамките на проектот ,,Културна рамка на Европа,, низ дружење го промовираат и јакнат меѓународниот културен дијалог преку идентификација на европските вредности, но и презентирање на културата и уметноста на државите од каде што доаѓаат. Паралелно тие изработуваат и скулптури од глина кои се израз на нивното уметничко видување на проектот.
„Она што е главен резултат од овој настан се 5 скулптури кои што рацете на овие деца, ширум Европа ќе ги изработат, ќе ги презентираат своите држави и тие своите скулптури ќе ги презентираат во центарот на Прилеп. Една од скулптурите таа е 6-тата е таа која ќе биде направена заеднички од учесниците од сите овие земји, која ќе ја претставува културата на цела Европа.“
Вели Зоран Илиески, претседателот на Младинскиот Совет на Прилеп, кој е и организатор на овој меѓународен проект. Младите пак со желби да запознаат што повеќе граѓани овде, да започнат нови пријателства, но и повеќе информација за културите на другите држави:
„Сакаме вака младите да ги запознаме со различни култури, со различни обичаи и различни случувања кои ги организираат другите млади, значи да се види вмешаноста на таа култура. Македонија ја избравме оти ова е еден интересен проект.“
Вели Јарослав Томан од српската општина Ковачица. Гостите од Италија со импресии од престојот во Прилеп.
„Да, ми се допаѓа овде, луѓето се многу пријателски расположени и се е во ред. Мислам дека овде сите сме многу љубопитни да се запознаеме, да научиме нови нешта за другите култури, да ги претставиме нашите држави и култури, едноставно многу ми се допаѓа проектот и престојот овде во Македонија. Мислам дека ќе научиме многу.“
смета Лаура Ранкан од Италија. Скултурите кои ќе бидат плод на проектот ќе го красат центарот на Прилеп и ќе бидат потсетник не само на овој настан, туку и потврда на пријателството на младите во Европа без граници, што е особена желба на младите од Македонија.
Она што е главен резултат од овој настан се 5 скулптури кои што рацете на овие деца, ширум Европа ќе ги изработат, ќе ги презентираат своите држави и тие своите скулптури ќе ги презентираат во центарот на Прилеп. Една од скулптурите таа е 6-тата е таа која ќе биде направена заеднички од учесниците од сите овие земји, која ќе ја претставува културата на цела Европа