Најголемите политички партии негираат дека се подготвуваат за предвремени избори. Власта и опозицијата се раздвижуваат и ги засилуваат активностите на терен, но и едните и другите велат дека тоа се нивни редовни партиски активности.
Се чини дека сепак граѓаните не веруваат во тоа.
„Тие не одат по села по градови да видат проблеми, туку да подготвуваат идни избори.“
„Собираат поени за гласови.“
„Само се чека да поминат грчките избори и да видиме што ќе биде со Европа и НАТО.“
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, во интервју за неделникот Форум, вели дека трибините со граѓаните во Ѓорче Петров и Куманово на кои присуствуваше премиерот Никола Груевски се само редовна пракса на владејачката партија што ќе се применува секоја година.
„Ова го кажувам уште сега, за да не се зачуди опозицијата догодина, па од страв да не има предвремени избори, повторно да трча кај претставниците на меѓународната заедница и да говори дека избори не смее да има“,
вели Протоѓер во интервјуто за Форум.
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев вели дека раздвижувањето на ВМРО-ДМПНЕ сега не го гледа како најава за избори.
„Мислам дека тоа е дел од тоа сценарио на Груевски – не знам што да правам. Јас не очекувам предвремени избори, барем не до јуни.“
Тој вели дека е штетно за Македонија да се размислува за предвремени избори до јуни. Георгиев посочува дека мора да се направат сериозни напори до јуни да се реши спорот за името со Грција. Сега не се подготвуваме за предвремени избори, вели тој.
„Доколку Груевски не истапи и не направи одлучни чекори во поглед на прашањето за името до јуни, тоа е веќе нова тема и ќе ја дискутираме во јуни.“
На вчерашната средба со новинарите во партиското седиште на ДУИ во Мала Речица, вицепремиерот Абдулаќим Адеми рече дека ќе ги засилат активностите и најави средби со граѓаните секоја сабота, но тоа, според него, не е подготовка на избори. ДУИ стои на ставот дека предвремени избори би им наштетиле на евроинтеграциите, вели тој.
„ДУИ не бега од изборите, меѓутоа мислиме дека во овој момент предвремените избори само би им наштетиле на овие процеси.“
Од друга страна, лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи вели дека Македонија е се подалеку од решение за името и затоа треба да има избори што поскоро.
„Ние сме силна опозициска партија. Апсолутно е нелогички и ненормално опозициската партија да биде против изборите.“

Ова го кажувам уште сега, за да не се зачуди опозицијата догодина, па од страв да не има предвремени избори, повторно да трча кај претставниците на меѓународната заедница и да говори дека избори не смее да има.
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев вели дека раздвижувањето на ВМРО-ДМПНЕ сега не го гледа како најава за избори.
„Мислам дека тоа е дел од тоа сценарио на Груевски – не знам што да правам. Јас не очекувам предвремени избори, барем не до јуни.“
Тој вели дека е штетно за Македонија да се размислува за предвремени избори до јуни. Георгиев посочува дека мора да се направат сериозни напори до јуни да се реши спорот за името со Грција. Сега не се подготвуваме за предвремени избори, вели тој.
„Доколку Груевски не истапи и не направи одлучни чекори во поглед на прашањето за името до јуни, тоа е веќе нова тема и ќе ја дискутираме во јуни.“
Доколку Груевски не истапи и не направи одлучни чекори во поглед на прашањето за името до јуни, тоа е веќе нова тема и ќе ја дискутираме во јуни.