,,Страв од дестабилизација,, ја насловува ,,Дневник,, информацијата од дописничката од Брисел со поентата од ставот на европратеникот Зоран Талер дека ако не се реши спорот со името, на Македонија и на регионот им се заканува дестабилизација. Извештајот за земјава на Талер, инаку, со големо мнозинство го усвои Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Веста за истиот настан ,,Вечер,, ја објавува со наднаслов дека ,,Се исплатеа напорите на Груевски за соработка со ЕУ,, и дека ,,Европа гласаше за Македонија,,. Речиси сите домашни медиуми ја објавија и веста од Брисел дека Агенцијата за борба против корупцијата во ЕУ води истрага против Агенцијата за европски образовни програми што ја раководи Бошко Нелкоски и изјавата на премиерот дека ќе се спроведе и домашна истрага и ако има основа Нелковски ќе одговара за тоа. ,,Нова Македонија,, детално ги наведува неколкуте невладини организации чиишто раководители се сопругата и други блиски роднини на Нелкоски на кои тој им доделил пари од европски фондови, а на кои им се губи трагата. Домашните медиуми во изминативе денови продолжуваат да се занимаваат со претпоставките и нагаѓањата дали ќе има предвремени избори или не, до каде е формирањето на здружениот опозициски фронт против Груевски и неговата партија и какви се коалициските односи ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ по одлуката на министерот за образование од второво полугодие децата Албанчиња задолжително да учат македонски од прво одделение, и заканувачкото писмо, по тој повод, од вујкото на Ахмети, Фазли Велиу, во кое тој го споредува Груевски со Милошевиќ. ,,Нова Македонија,, пишува дека ,,Велиу најавува раскин на бракот во Владата,,. ,,Дневник,, забележува дека ,,Ахмети е ифрит лут на Груевски,, и оти се заканил дека ќе ја повлече безусловната поддршка за спорот за името ако дел од отворените прашања не бидат решени во полза на ДУИ. Истиот весник јавува и дека отворените прашања биле тема на средбата Груевски-Ахмети пред некој ден, но дека не биле обелоденети детали од разговорот. ,,Георгиевски и Бошковски му откажуваат на Црвенковски,, поради тоа што идеолошки не му припаѓаат на блокот на Црвенковски, пишува ,,Утрински,, а дека Вмровскиот предизборен карван тргнал од Штип забележува ,,Дневник,,. ,,Вечер,, и ,,Време,, продолжуваат да се препукуваат околу аферата Латас. ,,Време,, објавува дека Основното јавно обвинителство официјално ги побарало на увид документите што ги објави весникот и по што почна целата тажна сторија за македонското новинарство. ,,Вечер,, три дена по ред оди со следниве наслови: ,,Неделникот ,,Фокус,,открива како тајната полиција врбувала нивна уредничка,,; Соросоидите на Бранко со фотокопија ја држат целата нација во страв,, и ,,Еднаш комунист-секогаш комунист. Соросоидите по неуспешниот прв обид сега се обидуваат повторно,,. Некои весници и некои телевизии објавија и дека новинари и интелектуалци го тужат Латас за клевета за текстот објавен во ,,Вечер,, за кој, патем информиравме во овие прегледи, дека ,,Грција ги плаќа нивните, а Македонија своите новинари за грчкиот предлог,, во кој десетина новинари и интелектуалци со име и презиме беа обвинети дека правеле притисок врз Владата да ги прифати грчките предлози во спорот за името.
Со ваков наслов дневниот весник ,,Дневник“ ја пренесува информацијата од европратеникот и известувач за Македонија Зоран Талер кој деновиве во обраќањето пред Европскиот Парламент изјави дека доколку не се реши спорот за името на Македонија и на регионот им се заканува дестабилизација.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете