Работа на минусни температури

Скопје под снежна покривка

Уличните продавачи, пазарџиите, градежните работници и луѓето кои се грижат за хигиената во градот и на минусни температури мора да се надвор и да работат. Велат дека веќе се навикнале бидејки надвор работат откако знаат за себе, па веќе и не го чуствуваат студот.
Уличните продавачи, пазарџиите, градежните работници и луѓето кои се грижат за хигиената во градот и на минусни температури мора да се надвор и да работат. Велат дека веќе се навикнале бидејки надвор работат откако знаат за себе, па веќе и не го чуствуваат студот. Со вообичаените зимски реквизи и се спротиставуваат на зимата и заработуваат за живот. Луѓето кои работат на пазар велат дека кога има муштерии им е полесно барем се раздвижуваат, но дека сепак не им се исплаќа тоа што мрзнат по цел ден. Раскажуваат дека се
Ама многу студи, одздола влече асфалтот, посебно бидејќи се стои во место
облекуваат во потопла облека, а пијат и топол чај и по некоја ракија за да се загреат.

,,Како на планина, со три пара термо чорапи, блузи. Ама сепак повеќе ,,зијан отколку ќар".

,,Па, добро сме облечени. Стискаме заби."

,,Си стоиме, молчиме тука и се тресеме. А мора да плаќаме, тезгиве со 100 евра. Ама многу студи, одздола влече асфалтот, посебно бидејќи се стои во место."

И луѓето кои го чистат градот и продавачите на весници се жалат на ладното време, но велат дека улицата им е работното место и мора да работат:
Тешко е, ама мора да се работи. Ни рекоа од 7 часот да излегуваме, да чистиме


,,Тешко е, ама мора да се работи. Ни рекоа од 7 часот да излегуваме, да чистиме."

,,Тој што не работел на ладно, незнае како изгледа."

Таксистите пак велат дека од ладното им мрзне горивото:

,,Еве утринава на пример, од 7 часот станав, беше минус 14 и додека доаѓав во градот, низ улица беа паркирани возила поради замрзнато гориво."

Утринските минусни температури ќе се задржат и во наредните неколку денови.