Достапни линкови

Тешка судбина доживува прилепчанецот Златко


Прилеп
Прилеп

Сам и осамен, скриен во мрачната соба на страдањата, патилата и тагите живее 35 годишниот прилепчанец Златко Соколоски. Судбината си поиграла со неговиот живот. Нападнат од повеќе болести, но без пари неможе ниту да замисли лекување.

Сам и осамен, скриен во мрачната соба на страдањата, патилата и тагите живее 35 годишниот прилепчанец Златко Соколоски. Судбината си поиграла со неговиот живот, па сега како вејка на ветерот живее од денеска за утре, во виртуелниот свет што го создава со лековите кои мора секојдневно да ги пие. Се било добро вели додека биле живи родителите. Но, смртта прв пат чукнала на нивната врата пред 18 години. Тогаш починал татко му и кусо потоа започнале неговите страдања и маки. Неполна година подоцна докторите кај Златко дијагностицирале тумор во главата, па наместо да го слави своето полнолество, тој се борел за живот на Клиниката за
Окото лево не гледам, во белите дробови имам жица која искината е, треба да се вади, но сам таа операција не би можел да ја издржам, имам исто епилептични напади, докторите ми велат оди во Скопје, а за Скопје да одам пари немам
неврохирургија во Скопје. Следната година пак се оперирал, но на неговите здравствени проблеми нема крај.

,,Окото лево не гледам, во белите дробови имам жица која искината е, треба да се вади, но сам таа операција не би можел да ја издржам, имам исто епилептични напади, докторите ми велат оди во Скопје, а за Скопје да одам пари немам."

Зборува тешко Златко, зашто има и пареза на левата страна на лицето.Вели никој од роднините не сака да му помогне, живее благодарение на помошта на некои пријатели.

,,Од страна на роднини не можам да се пофалам, бидејќи не ми помагаат, не се јавуваат воопшто, ич. Ми помагаат пријатели, има двајца-тројца луѓе кои постојано ми помагаат и сум им многу благодарен, што не ме оставаат во ниту еден момент да бидам без јадење."

По смртта на неговата мајка, живее со 3500 денари, социјална помош што ги добива преку Центарот за социјална работа, но тие не се доволни за живот, а тој не е способен да работи. Само долговите за струја се над 80.000 денари. Исклучен е од мрежата повеќе од 7 месеци, а кога се обидел да се приклучи диво, добил казна од 120.000 денари.
Цела зима немав лани струја, зашто ми беше исклучена. Како живеам, тешко, никако. Си легнувам во 7 часот, во темница не се живее


,,Цела зима немав лани струја, зашто ми беше исклучена. Како живеам, тешко, никако. Си легнувам во 7 часот, во темница не се живее, ноќе палам свеќа да станам, за било која потреба. Многу тешко."

Во надеж дека ќе има спас за неговата тажна судбина, дека барем ќе се остварат барањата да ја добие пензијата од починатата мајка,овој напатен човек вели:

,,Од државата да ми се додели од мајка ми пензијата и нешто од долгот да ми се прости, да ми се намали, конкретно за струјата."

Пријателите му носат свеќи, газиена ламба и мало апаратче на плин за да си свари чај, а тој тука си ги грее рацете. Најтешки му се ноќите. Мрак, студ, страв и осаменост е преполна неговата соба. Кога е растревожен, пие таблети за да заборави, како што вели, што се имаат и како живеат другите луѓе.

,,Се надевам дека Бог ќе ми помогне да преживеам."

ни рече на крајот Златко и ја затвори вратата од студениот стан, брзајќи да се покрие со кебето, за да не смрзнува од студ.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG