Достапни линкови

Мизерни услови во кумановско училиште


ОУ ,,Толу Зордумис", село Режановце
ОУ ,,Толу Зордумис", село Режановце

Муволсани училници, без вода и санитарни јазли – дел од секојдневието на основците од село Режановце. Надлежните одобриле пари за реконструкција, но работите сеуште се на почеток.

Стотина основци од деветолетката во подрачното училиште „Толи Зордумис“ во кумановското село Режановце настава изведуваат во мувлосани училници, без вода и санитарни јазли, зимава се топлат на дрва што ги носат од дома, а наставничката канцеларија е ходникот, иако Министерството за образование им одобрило 42 илјади евра за реконструкција и воведување парно греење. Родителите се револтирани бидејќи рокот за извршување на сите градежни работи завршил во декември, а активностите се на самиот почеток.

„Во 2006/2007 година од Владата и Министерството за образование добивме средства, градежните работи започнаа во август минатата
Немаат вода во училиштето па децата сунѓерите ги мијат надвор на селска чешма, немаат тоалет, немаат каде раце да измијат, а со тие раце јадат кифли. Како да сме во 15-от век. Срамота!
година,а рокот за завршување беше крајот на декември истата година. Околу 200 денови 76 квадрати не се изградени, а парите се пуштени. Договорот го потпишавме со изведувачите но тие не го испочитуваа,“

Вели Зоран Крстевски од Советот на родителите.

„-Баравте ли одговор?“

„Добивме одговор дека до 27 декември 2008-та година ќе биде завршено, бидејќи договорот го потпишавме со надзорниот орган и изведувачите Јанко Каракочовски, Драги Спасовски и фирмата „Фундамент“,“

Додава Крстевски. Според него со тие пари можело и ново училиште да се изгради,а не да се направат само 76 квадрати карабина наменети за парно греење. Според родителите:

„Ако врне дожд или снег децата не можат да изведуваат фискултурна настава. Се малтретираат и децата и наставниците. По градежните прописи некој треба да плати казна за ова.“

„Децата се без греење. Од дома носат дрва заедно со книгите.“

„Немаат вода во училиштето па децата сунѓерите ги мијат надвор на селска чешма, немаат тоалет, туку одат во ветеринарна, немаат каде раце да измијат, а со тие раце јадат кифли. Како да сме во 15-от век. Срамота!“

револтирани се родителите. Директорот на училиштето Нинослав Трајковски вели дека тоа не е во негова надлежност, бидејќи се оди преку ресорното Министерство, а родителите се вчудовидени. Режановце е на три ипол километри од Куманово, а училишната зграда ја изградило населението со сопствени пари.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG