Светот се подели. Додека некои се радуваа на смртта на Осама бин Ладен, другите не. Оваа разлика ја илустрира силата на Ал Каеда која нема да избледне поради убиството на еден човек.
Осама бин Ладен е мртов. Го нема човекот одговорен за смртта на илјадници невини и кој внесе страв во срцата на милиони луѓе во светот.
Сепак, војните што ги инспирира и идеите со кои ги хранеше се уште живеат.
На негов извртен начин, Бин Ладен преставуваше претпознатлив бренд на Ал Каеда организацијата што самиот ја основа.
Значи треба да постои барем мала надеж дека неговата смрт би можело да го ослаби меѓународниот џихад тероризам. За жал, постојат мали причини дека така и навистина ќе биде.
Ед Хусеин од Советот за надворешни односи во Вашингтон, кој во младоста беше член на исламистичка организација, вели дека убиството на Осама бин Ладен претставува психолошки удар за терористите.
„Но, тоа нема да има големи последици врз важните работи што ги нуди Ал Каеда - нејзината порака на радикален отпор против неверничкиот Запад и нејзиниот утопистички стремеж за заживување на калифат во светот.“
Според него, воопшто не е битно дали на местото на Бин Ладен ќе дојде вториот човек на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал Завахири.
„Но, дури и Ајман ал Завахири да биде убиен, а се надеваме така и да биде наскоро, тоа нема да ја направи Ал Каеда нефункционална, бидејќи станува збор за организација на идеи. Тоа е визија. Индивидулаците на чело на Ал Каеда не носат голема разлика.“
Затоа, како што додава, ништо не може да ја спречи Ал Каеда од организирање нови напади посебно кога нејзините членови сметаат дека се свети маченици.
Според експертот за контратероризам Ендрју Ексум, постои извесна основа за надеж особено ако се знае фактот дека таканаречената Арапска пролет на бунтови не била инспирирана од исламскиот фундаментализам.
„Го мислам тоа бидејќи Ал Каеда како организација не успеа во арапскиот свет. Таа не успеа да ги замени режимите во Египет, Јордан или Саудиска Арабија со радикални фундаменталистички режими.“
Ексум сепак, забележува дека палестински Хамас издаде соопштение во кое Бин Ладен се цени како маченик, додека Муслиманското братство во Египет, кое влегува во политиката, него го нарекува шеик, односно верски лидер што Осама никогаш не бил.
Ед Хусеин додава дека најважно е како смртта на Бин Ладен ќе се одрази врз ситуацијата во Авганистан и во Пакистан.
„Се уште мислам дека Пакистан е најопасната држава на Планетата, од многу разни причини. Фактот што Осама бин Ладен живеел релативно удобно во богат комплекс во близина на Исламабад ни кажува се за пакистанското соучество во криењето на Ал Каеда.“
Со него се согласуваат и други аналитичари кои велат дека Американците, по убивањето на Бин Ладен, може да очекуваат сериозни реакции.
Накусо, неговата смрт, како што оценуваат, нуди мало задоволство на одмазда, особено ако се има предвид фактот дека неговото отсуство нема да ја запре војната што ја инспирираше токму тој.

Се уште мислам дека Пакистан е најопасната држава на Планетата, од многу разни причини. Фактот што Осама бин Ладен живеел релативно удобно во богат комплекс во близина на Исламабад ни кажува се за пакистанското соучество во криењето на Ал Каеда.