Градоначалниците со поделени мислења за ефектите врз општинските каси од предавањето на градежното земјиште под локална надлежност.
Од 1 јули општините ќе имаат можност да прибираат поголеми суми во нивните буџети со предавање на градежното земјиштето под локална надлежност. Дел од градоначалниците велат дека ова ќе ги подобри состојбите, но дека ни оддалеку не е доволно, додека други сметаат дека за зајакнување на финансиските капацитети на општините, давачките кои доаѓаат по основа на ставките во урбанизмот се еден од главните извори.
„Од 1 јули ја имаме таа можност, понатаму ние како локални самоуправи ќе можеме да ги користиме тие средства за голем број на проекти за подобрување на животот во општината. Сметам дека има доста градежно неизградено земјиште кое треба да го опфатиме во деталните урбанистички планови, да го подготвиме за продажба“, вели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
Со него не се согласува поранешниот градоначалник на Велес, и добар познавач на локалните прилики Аце Коцевски. Сите анализи покажуваат дека приходите на општините се мали и оти не се во состојба да ги извршуваат законските надлежности, вели тој.
„Не само управувањето, туку и сопственоста, не само на градежното земјиште во опфатот на урбанистичките планови, туку и земјоделското земјиште, природните богатства, шумите, пасишта, термални извори... што се од локално значење треба да поминат во надлежност на општините.“
Еден од дополнителните извори за општините претставува и прибирањето срества од легализацијата на градежното земјиште кое чини 1 евро за квадратен метар. За ова Коцевски вели дека Владата вофункција на изборите презема мерки, но дека тоа не оди во прилог на општините
„Мерките што ги презема владата и при легализација на дивоградбите, и при откуп на земјиштето одат на штета на општините затоа што владата џентлменски се откажа од приходи кои не се приходи на државниот буџет, туку се приходи на општините.“
Горан Петров, градоначалник на Велес, смета дека за поголемо финансиско зајакнување на општините потребно е децентрализацијата да оди во исто темпо со децентралзизацијата на надлежности, односно онолку колку што добиваат тоа да биде поткрепено со фискалната децентралзизација за да влезат во третата фаза, а тоа е самостојно да располагаат со сретставата од државниот буџет.
„Значи процентот на учество на локалните буџети да се зголеми, тоа значи по сите основи од кои имаме прилив од државниот буџет, тоа се даноци да биде зголемен.“
Градоначалниците велат дека за зајакнување на финансиските капацитети секоја оппштена треба да се посвети на подобрување на квалитетот во работењето на општинската администрација и на инспекциските служби.
Од 1 јули ја имаме таа можност, понатаму ние како локални самоуправи ќе можеме да ги користиме тие средства за голем број на проекти за подобрување на животот
во општината.
„Од 1 јули ја имаме таа можност, понатаму ние како локални самоуправи ќе можеме да ги користиме тие средства за голем број на проекти за подобрување на животот во општината. Сметам дека има доста градежно неизградено земјиште кое треба да го опфатиме во деталните урбанистички планови, да го подготвиме за продажба“, вели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
Со него не се согласува поранешниот градоначалник на Велес, и добар познавач на локалните прилики Аце Коцевски. Сите анализи покажуваат дека приходите на општините се мали и оти не се во состојба да ги извршуваат законските надлежности, вели тој.
„Не само управувањето, туку и сопственоста, не само на градежното земјиште во опфатот на урбанистичките планови, туку и земјоделското земјиште, природните богатства, шумите, пасишта, термални извори... што се од локално значење треба да поминат во надлежност на општините.“
Еден од дополнителните извори за општините претставува и прибирањето срества од легализацијата на градежното земјиште кое чини 1 евро за квадратен метар. За ова Коцевски вели дека Владата во
Мерките што ги презема владата и при легализација на дивоградбите, и при откуп на земјиштето одат на штета на општините затоа што владата џентлментски се откажа од приходи кои не се приходи на државниот буџет, туку се приходи на општините.