Достапни линкови

Тендери застаруваат, извршител никогаш


Архивска фотографија: Поранешниот премиер Никола Груевски во посета на Истражниот затвор Шутка на 26 август 2009 година
Архивска фотографија: Поранешниот премиер Никола Груевски во посета на Истражниот затвор Шутка на 26 август 2009 година

Застаре делото за кое се гонеше поранешниот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски, во случајот Траекторија за кинеските автопати. Државата сега ќе треба да му ги плати и судските трошоци.

Извршители ќе ве гонат до смрт за сметка за вода од 2003 година, а тендер за автопат застарува за пет години, е еден од најчестите коментари на социјалните мрежи, откако судот соопшти дека поранешниот премиер Никола Груевски нема да се гони за случајот „Траекторија“, оти настанала апсолутна застареност на делото.

Случајот кој се однесува на барањето процент за изградба на кинеските автопати застарел, оти поминале шест години од кога е сторено делото, а немаше правосилна пресуда. Сега државата ќе треба да ги плати сите трошоци поврзани со оваа постапка против Груевски.

Денот на ослободувањето на Скопје, очигледно му е среќен ден на Груевски. Лани на 13 ноември се огласи на Фејсбук дека е во Будимпешта, каде што побарал политички азил, а точно една година подоцна му застаре делото за кое се товари во случајот „Траекторија“ и оти државата сега ќе треба да му ги плати судските трошоци.

Случајот „Траекторија“ се однесува за постапката за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и за Кичево – Охрид. Обвинетите се товарат дека ги злоупотребиле своите овластувања и со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра. Во случајот покрај Груевски, обвинети се и поранешните функционери Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, но судењето против нив продолжува.

Поддржувачите на поранешниот премиер сметаат дека тој е жртва на политички прогон и ликуваат.

Други се задоволни што тој воопшто бил изведен пред суд.

А трети се само цинични.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG