Инспекторите да пријавуваат имотна состојба и интереси до Инспекцискиот совет, но и да се предвиди дисциплинска одговорност за непријавување на имотната состојба за инспекторите се дел од неколкуте препораки наведни во Националната стратегија за борба против корупцијата која чека одобрение од пратенците. Претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска вели дека причините за таквата препорака лежат во високиот ризик од корупција кај инспекторите за кои во нивното истражување заклучиле дека дел од нив постапуваат субјективно и несоодветно.
„Поради надлежностите што ги имаат, моќта што ја имаат за изрекување на високи казни, поради самостојноста во постапувањето, можноста да се искористи се за личен интерес, постои висок ризик оваа положба да се злоупотреби“ вели Ивановска.
Таа додава дека за да се искорени овој висок ризик за корупција потребно е да се воспостави механизам и пријава за нивниот имот и судир на интереси.
Власта како дел од „широкиот фронт во борбата против корупцијата“ најави дека за унапредување на работата на инспекциите ќе споведе нов електронски ситем за инспекција „ Е-ИНСПЕКТОР“ како и врмежување на инспекторите во дигиталните бази. Ивановска вели дека дигитализацијата и транспарентноста се алатки кои се многу корисни во борбата против корупцијата.
„Интегритетот кај личноста што мора да се јакне во нашето општество најмногу од се. Меѓутоа од една страна интегритетот од друга страна а од друга страна дигитализацијата и системско следење на работењето би требало да дадат резултати“ вели таа.
Во последниот извештај на ГРЕКО за 2019 година, каде што се анализирани највисоките извршини функции и институциите кои го спроведуваат законот се наведени доста забелешки во однос на можностите од коруптивно однесување. Дел од посочените забелешки за инспекциските служби се нејасно и непрецизно утврдени надлежности и нивно преклопување, субјективно и несодветно постапување при исполнување на нивната надлежност, како и недоволно функционален инспекциски надзор во локалната самоуправа. Во извештајот е посочено дека недоволно прецизираните надлежности на инспекторите оставаат простор за неефикасно постапување, злоупотреба и законски дупки.
„Поради надлежностите што ги имаат инспекторите, моќта на изрекување високи казни, самостојноста во постапувањето може да се искористи за лични интереси или да се злоупотреби. Потребно е системски да се анализираат корупциските ризици во инспекциските служби и нивно елиминирање, зајакнување на интегритетот на инспекторите, вклучувајќи ја и обврската да се поднесе пријава за нивниот имот и судир на интереси,“ се вели во националната стратегија за борба против коруција 2021-2025 година.
Втората страна на паричката се буџетите наменети за инспекторатите кои во основа се наменети само за плати и минимални трошоци. Над 13 милиони евра од државен буџет се определени за инспекторатите годинава за борба против корупцијата и криминал. Ова сума се однесува само на 16 -те инспекторати кои се под директна надлежност на министерствата. Најмногу пари се одвоени за најголемиот инспекторат – државниот пазарен инспекторат во вредност од 3 милиони евра. Но, 2,3 милиони евра од тие пари ќе треба да се исплатат за плати и надоместоци за 280-те вработени во него.
Веднаш по него е државниот инспекторат за земјоделство со одвоени 2,6 милиони евра, и за труд со одвоени 2,1 милиони евра. Останатите инспекторати според буџетот заа 2021 година добиле помалку од еден милион. Најмалку пари добиле инспекторат за локална самоуправа 171 илјади евра кој брои вкупно 9 вработени, а веднаш до него е државниот комунален инспекторат со одвоени 202 илјади евра за 14 вработени.
Просветниот инспекторат бори 92 вработени и буџет од 1,1 милион евра. Но, проблемот во оваа институција е во недоволно изградените капацитет, забележуваат антикорупционерите. Во нивната стратегија посочуваат дека тоа е проблем кој значително ги ограничува можностите за негово дејствување, како што е непостоењето на сеопфатна методологија за постапување при надзор, но и континуираниот недостиг од инспектори, особено за потребата на вршење вонредни инспекциски надзори.
„Сето ова претставува изразен ризик од притисоци, односно влијанија партиски, пријателски или од трети лица за наодите од извршените надзори. Со цел да се надминат наведените проблеми, потребно е да се зајакнат материјално-техничките услови, како и човечките ресурси на Инспекторатот,“ се вели во стратегијата.
Градежаната инспекција си има поинакви маки. На пример, државниот инспекторат за градежништво и урбанизам кој е под капа на централната власт брои 22-ца вработени со буџет од 240 илјади евра, но нема податоци колку вкупно инспектори имаат 80-те општини. Со децентрализацијата е воведена категорија „овластени општински инспектори“ со кои локалната власт „врбува“ административци да вршат инспекција, иако честопати немаат соодветни квалификации и знаења за тоа.
„Законот за градење, законите од областа на заштита на животната средина и Законот за локална самоуправа не обезбедуваат независност и самостојност на овластените инспектори во нивното постапување и носење на акти и присутно е силно влијание во нивното постапување како од страна на градоначалниците така и од страна на други заинтересирани страни. За да се подобри системот на инспекциски надзор на локално ниво, потребно е да се зајакне интегритетот на инспекциските служби и нивно пополнување со стручен кадар“ посочува Атикорупциската комисија.
Во извештајот на Греко е наведено дека неопходно е да се посвети големо внимание на овие тела, да се подобри нивната правна рамка, да се зајакнат нивните финансиски, материјални и човечки капацитети, како и интегритетот на нивните вработени.