Достапни линкови

Нема веќе ди-џеи и пејачи - вие коментирате


Угостителски објекти во Скопје во пандемија
Угостителски објекти во Скопје во пандемија

Иронија при пандемија - „Затварај се ... за овој народ малку е“

Владата ги прифати новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести – се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, само четворица луѓе на една маса и ограничување на музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели, а министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот бил очекуван и тие го најавувале, како есенски бран по завршувањето на годишните одмори. „Имаме зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години“, изјави Филипче, но во коментарите на ФБ страницата на РСЕ бран од навреди за него. Се разбира тие постови нема да ги цитираме. Трајковски Далибор, дали со иронија или не, препорачува: „Ма што се замарате, може сега сѐ онлајн, затварај сѐ“. Потпишан со Петар Бмв подналутено: „Затварај сѐ... за овој народ малку е...“

Во неделното интервју на нашево Радио, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со куп обвинувања против актуелната Влада и премиерот Зоран Заев.

Мицкоски – Власта врши притисок врз активисти на ВМРО-ДПМНЕ
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:28 0:00

На обвинувањето дека „деградира и испраќа активисти на Партијата“, вработени во ЕЛЕМ, секој ден да патуваат на работа до Осломеј, Олгица Ројтер го потсетува: „Заборавивте вие како правевте...“ На нашата ФБ страница и реакции на деловите од интервјуто на Мицкоски каде што вели дека „Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет“. Соња Данева реагира: „Овој ли најде за Гоце да зборува? Го слават крвникот на македонскиот народ, Тодор Александров, а тука се лигави околу ʼљубовтаʻ кон Гоце“. И Ордана Николова со слична реакција: „Виа Ацета го заборавија... (веројатни мисли на Александар Велики)...

Наместо Гоце го измислија Александров. Вмровска работа. Сега Гоце не го даваат. Дај, бре, многу сте проѕирни“. Стевче Стојановски потсетува на непочитувањето на Блаже Конески: „Криминалци едни, токму вие човекот што ја создаде македонската современа азбука и јазик го викате ʼџуџето од Небреговоʻ, како не се срамите, освен неписмените и криминалците никој повеќе не ви верува“.

Мицкоски ја обвинуваше власта и на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Јавното обвинителство, при што ја нарече „мафија“ и дека место правда донела неправда. Блаже Кочов, очигледно незадоволен од Мицкоски како претседател на опозициската партија, напишал: „Не те бива, џабе се трудиш, спакувај се и остави некој друг да ја води партијата зашто попара ја направи“. Ванчо Тилев со подбив: „Хахаха, Мицко, не те бива бе друже, за никаде си. Лидер на ВМРО како тебе е исто како јас играч на Ливерпул, процени се“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG