Достапни линкови

Во Србија двојни стандарди околу марихуаната


Сопственикот на Јовањица, Предраг Колувија (Л) со министерот за внатрешни работи Александар Вулин (Д), тогашен министер за социјални работи. 20 јуни 2015 година објавено на страницата на српското Министерство за труд, вработување и социјални работи
Сопственикот на Јовањица, Предраг Колувија (Л) со министерот за внатрешни работи Александар Вулин (Д), тогашен министер за социјални работи. 20 јуни 2015 година објавено на страницата на српското Министерство за труд, вработување и социјални работи

Попустливоста на претседателот на Србија Александар Вучиќ спрема богат олигарх обвинет за одгледување тони нелегална марихуана, ја истакна правната дилема на епилептичниот 58-годишен Драгољуб Мрѓиќ, кој е осуден на казна затвор поради поседување 88 грама. Људмила Цветковиќ

Застапниците за медицинска и рекреативна употреба на марихуаната го обвинуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и другите српски официјални претставници за двоен стандард, откако тој го бранеше куќниот притвор за наводен „нарко барон“ обвинет за одгледување на забранетата трева во индустриски размери.

Вучиќ неодамна го нарече „многу чуден“ јавниот револт поради ослободувањето на Предраг Колувија од притвор во услови на тековно судење за одгледување на повеќе од еден тон илегален канабис.

Канабис од Африка преку Македонија до пазарот во ЕУ

„Бидејќи тој не уби никого, или нема обвинение дека убил некого, немал десет тони кокаин или нешто слично, но, колку што разбрав, еден тон марихуана и дека тој, исто така, негира дека тоа го имал“, рече претседателот Вучиќ за ТВ Пинк на 2 октомври.

Сопственикот на Јовањица, Предраг Колувија, 20 јуни 2015 година
Сопственикот на Јовањица, Предраг Колувија, 20 јуни 2015 година

Случајот на Колувија во голема мера се прошири, бидејќи осомничениот нарко шеф, наводно, бил сопрен за невнимателно возење додека и оти поседувал лажна полициска легитимација, што на крајот ги доведе властите до 65.000 стебла марихуана и стотици килограми исушен канабис на неговата фарма, која се вика „Јовањица“.

Загреб: Од понеделник до петок марихуана, кокаин за викенд

Овој случај привлече посебно внимание поради наводните врски на осомничениот со српските власти, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи Александар Вулин, кој се појави во органската фарма на Колувија за да собира зеленчук во 2015 година.

По повеќекратни одложувања, случајот „Јовањица“ во март годинава се прошири со второ судење за наводен „заштитен прстен“ околу Колувија во кој имало полицајци и разузнавачи во Србија.

српскиот претседател Александар Вучиќ
српскиот претседател Александар Вучиќ

Исто така, се наведува дека Колувија имал индиректни врски со барем локален политичар во Хрватска и оти работи со канабис бизнис во Северна Македонија.

За многумина, вклучително и локалната истражна веб-страница КРИК, случајот на Колувија „се карактеризира со политичко влијание“ од самиот почеток, вклучително и притисок врз судиите. За други, тоа е доказ за влијание на нарко трговијата во регион каде што организираниот криминал и неговите политички склоности ја поткопуваат јавната верба во демократијата и владеењето на правото.

Драгољуб Мрѓиќ, 58-годишен епилептичар, кој вели дека користи канабис за да спречи напади, го објави своето барање за претседателско помилување за да ја критикува навидум острата поделба меѓу оние што имаат и немаат во земја која аспирира да стане членка на ЕУ.

По трансферот на Колувија во домашен притвор, Мрѓиќ се појави на прес -конференција на 15 октомври организирана од Социјалниот клуб за канабис Белград (ИРКА) која стои зад иницијативата за легализација на канабисот во Србија и Националната асоцијација на одгледувачи на канабис да бараат легализација на медицинска марихуана и декриминализација на поседување марихуана.

„Чекам три години затвор за 88 грама марихуана и Вучиќ вели Колувија „имаше само еден тон“, вели Мрѓиќ за на РСЕ. Силно православната христијанска Србија се спротивстави на притисокот за легализација или за декриминализација на поседувањето марихуана.

канабис
канабис

Прекршителите може да бидат осудени до 10 години затвор, а доколку тоа е дел од организирано криминално однесување и подолго. ИРКА вели дека 20 нејзини членови биле цел на кривично гонење во изминатите пет години.

Претседателот на групата Милош Симиќ го наведе случајот со Милош Матејиќ, татко на пет мали деца, кој во моментов издржува тригодишна казна во Забела, еден од најголемите српски затвори.

„Ова се сите случаи на садење лично за себе, каде што продажбата не игра улога, луѓето го користеа лично за лекување“, изјави Симиќ за РСЕ.

Ќе има ли и македонски Биг Мајк?

Соседните земји на Србија избраа различни пристапи за третирање на поседувањето на марихуаната. Во земјите членки на ЕУ, Бугарија и Романија, неговото поседување се казнува иако Романија веќе една деценија има дозволено за медицинска употреба.

Меѓу другите поранешни југословенски држави, Хрватска декриминализира мали количини марихуана и дозволува медицинска марихуана за одредени болести, а Словенија ја декриминализира целосно.

Северна Македонија дозволи продажба на „медицинска марихуана“ од 2016 година и таа е достапна во аптеките. Босна и Херцеговина технички со години ја истражува можноста за легализација. Марихуаната е нелегална во Косово, Црна Гора, додека забраната во Албанија ретко се спроведува.

Мрѓиќ вели дека бара само пристап до медицинска марихуана што им се овозможува на пациентите во поголем број други земји, вклучително и Германија, некои американски држави и Канада.

Српската полиција заплени лабораторија за одгледување марихуана во Ѓаково кај Сомбор, 29 март 2021 година.
Српската полиција заплени лабораторија за одгледување марихуана во Ѓаково кај Сомбор, 29 март 2021 година.

„Каде е мојата вина?“, изјави тој, додека чекаше одговор за неговото барање за одложување на поканата за да го почне издржувањето на тригодишна казна во Забела, наведувајќи го како причина болното здравје на неговата сопруга и неговите браќа.

Потоа, Мрѓиќ ги упати своите коментари до претседателот Вучиќ: „Не знам зошто бев осуден, и, како што и самите велите, канабисот не е ништо и тој е легален во Германија и околниот регион“. Тој додаде: „Сакам ист третман како мојот колега, пензионер од Канада, или како мојот колега од Бон“.

ОН: Албанија е прва во Европа и шеста во светот по производство на канабис

Кабинетот на српскиот претседател не одговори на барањето на РСЕ за изјава за позицијата на Вучиќ за исклучоците од канабис за медицинска употреба. Во декември, Комисијата за наркотични дроги на ОН го отстрани канабисот од категоријата најопасни наркотици, овозможувајќи поблаго спроведување.

Но, Вулин, министер за внатрешни работи и долгогодишен сојузник на Вучиќ, кој како министер за земјоделство во 2015 година ја посети фармата на Колувија, во мај рече дека нема планови за легализација на марихуаната и ги критикуваше локалните медиуми за погрешна интерпретација на одлуката на комисијата на ОН како давање зелено светло за опасна дрога.

„И глупостите што ги слушнавме за тоа како ретроактивно ќе ја легализираме марихуаната поради „Јовањица“, тоа е глупост. Нема ретроактивност во законот", рече Вулин. Вучиќ, претседателот, додаде: „Не само што не е декриминализирана, туку ќе ја казниме уште построго“. Поднесени се две обвиненија за случајот „Јовањица“, кој претставува еден од најголемите случаи на дрога во историјата на земјата.

На Колувија и уште деветмина обвинети кои беа вработени во неговата фарма, во Стара Пазова, во Војводина, северно од Белград, им се суди во процес што треба да продолжи на 10 ноември.

Ново обвинение се појави во ноември 2020 година и беше финализирано во март во кое се обвинети Колувија и осум други лица - вклучително и припадници на полицијата, националната безбедносна информативна агенција и Агенцијата за воено разузнавање - во врска со поврзаниот рекет за заштита.

Адвокатите за одбрана на Колувија тврдат дека растенијата пронајдени на фармата „Јовањица“ биле индустриски коноп, што е легален во Србија.

Претходно оваа година, Европскиот парламент го одобри извештајот на неговиот известувач за Србија, Владимир Билчик, во кој аферата „Јовањица“ беше наведена меѓу „случаите со високо ниво на јавен интерес“ во кои европските пратеници ги повикаа српските власти „да испорачаат убедливи резултати“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG