Достапни линкови

 
Стапија во сила царините на Трамп продлабочувајќи ја трговската војна

Стапија во сила царините на Трамп продлабочувајќи ја трговската војна


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп

Новите опсежни царини за производи увезени од Соединетите Држави стапија на сила на 9 април според новата трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, за која тој рече дека има за цел да го ревитализира американското производство.

Повисоките увозни даночни стапки за десетици земји и територии вклучуваат огромни царини од 104 отсто за кинески стоки и 20 отсто за производи од Европската Унија.

Новите царини доаѓаат по основната царина од 10 отсто која стапи на сила на 5 април.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека Трамп не размислувал за продолжување или одложување на зголемувањето на царините.

„Тој очекува овие царини да стапат на сила“, рече Левит на 8 април, неколку часа пред да стапи во сила нивното спроведување.

Самиот претседател даде различни сигнали за тоа дали царините ќе останат во сила.

Иако ги опиша како „постојани“, тој рече дека претставниците на целните земји се на пат за Вашингтон за да преговараат за билатерални трговски договори.

„Имаме многу земји кои доаѓаат и сакаат да склучат договори“, рече тој во Белата куќа на 8 април.

Подоцна додаде дека очекува и Кина да бара договор.

Пекинг одлучи да воведе царини од 34 отсто на американските производи. Кинескиот премиер, Ли Кечијанг изјави дека неговата земја има доволно „алатки" за да ги надмине економските турбуленции предизвикани од трговската војна на САД.

Кина и ЕУ воведуваат царини на американски производи

Како реакција на царините од САД, Кина најави дека од утре (10 април) ќе воведе дополнителни царини за производи од САД. И земјите членки на ЕУ ги одобрија првичните одмазднички тарифи од 10 до 25 отсто за увозот од САД, кои според Европската комисија ќе стапат на сила следната недела.

Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини.

Кина претходно ја информираше Светската трговска организација (СТО) дека одлуката на САД се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.

„Ситуацијата опасно ескалира. Како една од погодените земји-членки, Кина изразува длабока загриженост и одлучно противење на овој неодговорен потег“, се вели во соопштението на кинеските власти.

Во меѓувреме, администрацијата на Трамп закажа разговори со претставници на Јужна Кореја и Јапонија, два блиски сојузници и големи трговски партнери. Италијанската премиерка Џорџа Мелони трба да дојде во посета следната недела.

Царините од ЕУ вклучуваат специјални давачки за артикли како фармерки и мотоцикли од САД, додека виски и другите алкохолни пијалоци произведени во САД беа отстранети од предложената листа на комисијата, јави агенцијата ДПА.

Дополнителни контра-царини треба да бидат воведени на средината на мај и на крајот на 2025 година, што ќе влијаат на производи како говедско месо, живина и цитрусно овошје. Царини за јаткасти плодови и за сојата се планирани за почетокот на декември.

Трамп ги објави тарифите на 2 април, нарекувајќи го „Денот на ослободувањето на Америка“ и рече дека ќе биде запаметен „како денот кога американската индустрија повторно се роди, денот кога американската судбина беше повратена и денот кога почнавме да ја правиме Америка повторно богата“.

Кога ги објави царините, Трамп изрази остри приговори и кажа дека Соединетите Држави биле малтретирани од „пријатели и непријатели“ во трговијата со децении, создавајќи огромен трговски дисбаланс.

Берзите ширум светот паднаа поради воведувањето царини, за кои економистите предупредуваат дека ќе ги зголемат цените на стоките што американските потрошувачи ги купуваат секој ден - особено кога новите царини се надоврзуваат на некои претходни трговски мерки.

Целните земји, исто така, веројатно ќе возвратат.

Што значат за вас американските царини?
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 1080p
  • 720p

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 1080p
  • 720p

Кина веќе возврати, објавувајќи царина од 34 отсто за сите американски производи.

Тоа беше пред Трамп да објави дека Соединетите Држави ќе воведат царина од 104 отсто за кинески производи почнувајќи од 10 април.

Кинеското Министерство за трговија ја нарече заканата на Трамп за ескалација на царините „грешка по грешка“ што „уште еднаш ја разоткрива уценувачката природа на САД“.

Покрај царините за Кина, Трамп воведе голема царина од 25 отсто за увоз на автомобили почнувајќи од 3 април, главно насочени кон автомобилите произведени во Мексико и Канада за да ги притиснат да преземат чекори за контрола на имиграцијата и трговијата со дрога.

Овие давачки се однесуваат на возилата кои се увезуваат како готови производи, но ќе бидат проширени на соодветните автоделови во наредните недели.

Канада одговори со царина од 25 отсто за увоз на автомобили од Соединетите Држави кои не се во согласност со Договорот САД-Мексико-Канада. Тие царини, исто така, треба да стапат на сила на 9 април.

Мета беа и челикот и алуминиумот. И двата метали сега се оптоварени со данок од 25 отсто според проширените царини кои стапија во сила минатиот месец.

XS
SM
MD
LG