Достапни линкови

Што значат американските царини „без преседан“ за Европа


Американскиот претседател Доналд Трамп дава забелешки за реципрочните царини на настан во Градината на розите во Белата куќа на 2 април.
Американскиот претседател Доналд Трамп дава забелешки за реципрочните царини на настан во Градината на розите во Белата куќа на 2 април.

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп од 2 април за подигање на царините на највисоко ниво во повеќе од 100 години ги фрли берзите во пад и ја потресе глобалната економија.

„Ова е без преседан во минатиот век во однос на обемот на царините, бројот на погодени земји, [и] самото ниво на овие царини“, изјави за РСЕ Емили Килкрејс, виш соработник во Центарот за нова американска безбедност (CNAS).

„Мислам дека ќе видиме шокови што не можете целосно да ги предвидите бидејќи никогаш не сме виделе вакво високо ниво на царини во ерата на глобализацијата“, рече таа.

Тие светски последици би можеле особено тешко да ја погодат Европската унија, рекоа економистите кои зборуваа за РСЕ.

Директното влијание на даноците од 20 отсто на Трамп врз производите на ЕУ предизвика страв за идна инфлација и за економските изгледи за опфатените производители од блокот од 27 земји, кои веќе се оптоварени од американските давачки за автомобили и челик. Експертите велат дека другите големи сектори, како што е европската фармацевтска индустрија, која силно извезува на американскиот пазар, исто така би можеле да бидат тешко погодени.

„Овие фармацевтски компании ќе се обидат да продадат во САД колку што можат“, изјави за РСЕ Рид И'Ансон, висок економист во трговската разузнавачка фирма Кплер.

„Тие може малку да ги намалат цените за да се обидат да останат конкурентни, но многу е веројатно дека целосната побарувачка во САД за европски стоки ќе се намали. Тоа ќе доведе до послаба економска средина во Европа“.

Колку тешко ќе ја погодат Европа царините на Трамп?

Царините се во суштина данок што го плаќа увозникот, а кои обично се пренесуваат на дистрибутерите, трговците на големо, трговците на мало и на крајот, на потрошувачите.

Околу 60 земји кои имаат најголем трговски суфицит со Соединетите Држави - вклучително и клучните сојузници како ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја - сега се соочуваат со дополнителни царини повисоки од најавата за рамни 10 проценти, а десетици други се соочуваат со царини кои вкупно би можеле да се прошират до 50 проценти или повеќе.

За време на неговото соопштение во Градината на розите во Белата куќа, Трамп рече дека основната царина од 10 отсто за речиси сите земји стапува на сила на 5 април, додека повисоките таканаречени реципрочни царини ќе важат почнувајќи од 9 април.

И покрај тоа што економистите велат дека царинскиот режим што го објави Трамп ќе ги поскапи стоките што се наплаќаат во земјата, тој исто така ќе влијае на индустриите во Европа и на други места кои се потпираат на извоз на американскиот пазар.

„Европските извозници кои продаваат во Соединетите држави ќе мора да платат повисоки трошоци, кои се пренесуваат на американските потрошувачи, но тоа ќе влијае на нивната способност да продаваат работи [и] тие ќе го изгубат уделот на пазарот“, изјави за РСЕ Метју Гудман, директор на Центарот за геоекономски студии Гринберг при Советот за надворешни односи.

Брисел и поединечни европски влади сè уште одлучуваат како да реагираати би можело да има дополнителни преговори, но изгледите за одмазднички царини поставени на американските производи се реални, при што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека блокот „сега се подготвува за дополнителни контрамерки, за да ги заштити нашите интереси и нашите бизниси доколку преговорите не успеат“.

Гудман вели дека секоја одмазда од Европа ќе ги зголеми трошоците за европските потрошувачи и исто така ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави растот во Соединетите држави.

„Тоа има големи импликации за сите во светот бидејќи [САД се] најголемата економија во светот, и ако нашата економија забави, тогаш сите ќе бидат погодени“, рече тој.

Килкрејс од CNAS, кој е поранешен заменик-помошник трговски претставник на САД, вели дека царините на Трамп, исто така, би можеле да имаат негативни ефекти за Европа, вклучувајќи повисоки цени, па дури и губење на работни места во клучните индустрии.

„Всушност би била доста загриженa за влијанијата на работните места и за влијанијата на инвестициите бидејќи едноставно веќе го немате тој клиент или едноставно ќе биде многу потешко со тарифа од 20 проценти да се продаде на тој пазар“, рече таа.

Каков ефект глобалното влијание на царините на Трамп ќе има врз Европа?

Новите американски царини, исто така, би можеле да имаат глобален ефект, што ќе влијае на цената на клучните производи кои се потпираат на глобалните синџири на снабдување и ќе го преориентираат текот на меѓународната трговија на неочекувани начини.

Цената на iPhone, на пример, може да се зголеми за 30 до 40 отсто во САД, според проекциите на финансиската компанија Rosenblatt Securities.

Најевтиниот модел на iPhone 16 моментално е околу 799 долари, но може да чини дури 1.142 долари доколку Apple одлучи да ги пренесе трошоците на потрошувачите. Поскапиот iPhone 16 Pro Max кој моментално се продава по цена од 1.599 долари може да се зголеми на речиси 2.300 долари. Слични процентуални зголемувања се предвидуваат и за другите пазари.

„Ова ќе има брановидни ефекти и ќе стигне до многу различни работи што се дел од во iPhone, од полупроводници произведени во Тајван до стакло што е произведено во Јапонија, до склопување на iPhone во Кина“, рече Гудман.

„Сите овие работи ќе бидат погодени со царините, и така цената на крајот ќе биде пренесена на потрошувачите, и во Европа и во Соединетите држави“.

Ескалирачката трговска војна на Вашингтон со Пекинг исто има реперкусии ширум светот кои директно и индиректно ќе ја погодат Европа.

Кина на 4 април објави дека ќе воведе дополнителни царини од 34 отсто на увозот од Соединетите држави како одмазда за давачките од истиот износ што ги објави Трамп. „Реципрочната“ царина поставена на Кина е на врвот на давачката од 20 проценти што веќе ја наметна администрацијата на Трамп.

Трамп ги таргетираше и земјите преку кои кинеските компании ги пренасочуваа производите на американскиот пазар, меѓу нив и Виетнам, кој се соочува со нова царина од 46 отсто.

Како што објаснува И'Ансон од Кплер, САД сочинуваат околу 25 отсто од кинескиот извоз, но бидејќи тој пазар сега е оптоварен со царини, кинеските извозници ќе мора да ги намалат цените и да ги преориентираат тие производи на други пазари.

Ова, пак, може да доведе до преплавеност на намалени кинески увози ширум светот, нешто што Брисел соопшти дека веќе го следи и подготвува контрамерки за заштита на своите производители.

„Многу е можно да дојде до ова преплавување со стоки во Европа на начин што ќе предизвика вистински економски проблеми за Европејците“, рече Килкрес. „Тоа може да предизвика уште едно одолговлекување на конкурентноста на европските фирми кои ги произведуваат истите видови на стоки“.

XS
SM
MD
LG