Достапни линкови

Двојни избори - Двојна победа

Граѓаните на Северна Македонија со право на глас се изјаснуваат за претседател на државата, втор круг, како и за избор на пратеници во Парламентот.

  • Според првичните резултати, победник на двојните избори, парламентарни и претседателски, се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и нивната претседателска кандидатка Гордана Сиљановска Давкова
  • СДСМ и коалицијата го признаа поразот
  • Одзивот на гласачите беше доволен за исполнување на цензусот за избор на претседател, минимум 40%
  • Според МВР, гласањето се одвиваше без посериозни проблеми
  • Изборите ги следеа 1303 домашни и 860 странски набљудувачи
18:03 8.5.2024

Излезноста до 17 часот над 40%, постигнат ли е цензус за избор на претседател?

Во вториот круг на претседателските избори постигната е излезност на гласачите од 42,32 проценти до 17 часот, објави Државната изборна комисија (ДИК). Според претседателот на Комисијата, до 17 часот гласале 452.412 гласачи.

На интернет страницата на ДИК, податоците за излезност во даден момент се разликуваат од податоците што ги објавува ДИК на прес-конференциите поради постојаното ажурирање.

Излезноста на гласачите на парламентарните избори е над 45 отсто. Северна Македонија денеска има двојни избори - Избира претседател на државата и нов парламентарен состав.

19:18 8.5.2024

Се затворија гласачките места, се очекуваат првични резултати

Заклучно со 19 часот заврши гласањето на двојните избори во Северна Македонија - парламентарните, на кои граѓаните избираат пратеници во Собранието и вториот круг на изборите за претседател на државата.

Гласачките места беа отворени утрово во 7 часот. За парламентарните избори, во избирачкиот список се запишани 1.815.350 избирачи, кои гласаат на вкупно 3.477 избирачки места. Право на глас на претседателските избори, пак, имаат 1.814.317 избирачи, на вкупно 3.480 избирачки места.

За сите детали, видеа и фотогалерии од изборите кликнете ТУКА.

19:42 8.5.2024

Се бројат гласовите, цензусот исполнет

Во 19 часот, заврши гласањето на двојните избори во Северна Македонија - парламентарните и вториот круг од претседателските.
Со затворањето на гласачките места, почнува и броењето гласови, а првичните резултати од Државната изборна комисија (ДИК) се очекуваат околу 22 часот.

Граѓаните на Северна Македонија гласаа на единаесеттите парламентарни избори во Македонија, како и на вториот круг од претседателските избори. Идниот претседател/ка заклетвата ќе ја даде пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент, за чие место се борат кандидати од 17 партии и коалиции.

19:49 8.5.2024

Муцунски: Македонија ќе има нов претседател, ДУИ оди во опозиција

Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат. Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа - елитите на власта се поразени од народот, рече Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во првата оценка по денешните двојни избори во Северна Македонија.

Тој рече дека денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта и сценариото на кое укажа ВМРО-ДПМНЕ, дека „ДУИ посакува криза и преку бојкот на претседателските избори практично сака да се факторизира“.

„Добрата вест е што ДУИ изгуби двојно. Бојкотот не е успешен и сосема и извесно дека ДУИ оди во опозиција“, рече Муцунски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG