Достапни линкови

Двојни избори - Двојна победа

Граѓаните на Северна Македонија со право на глас се изјаснуваат за претседател на државата, втор круг, како и за избор на пратеници во Парламентот.

  • Според првичните резултати, победник на двојните избори, парламентарни и претседателски, се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и нивната претседателска кандидатка Гордана Сиљановска Давкова
  • СДСМ и коалицијата го признаа поразот
  • Одзивот на гласачите беше доволен за исполнување на цензусот за избор на претседател, минимум 40%
  • Според МВР, гласањето се одвиваше без посериозни проблеми
  • Изборите ги следеа 1303 домашни и 860 странски набљудувачи
07:53 8.5.2024

Северна Македонија гласа на двојни избори

Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. Тој или таа заклетвата ќе ја дадат пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент. За место во него, се борат кандидати од 17 партии и коалиции. Поопширно ТУКА.

08:00 8.5.2024

МВР: Лични документи може да се подигнат денеска од 8 до 19 часот

Министерството за внатрешни работи информира дека од 8 до 19 часот денеска (8 мај) ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при МВР.

„Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информира МВР.

08:09 8.5.2024

Како вашето гласачко ливче да биде важечко?

Претседателски и парламентарни избори 2024 - гласачко ливче
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:29 0:00

08:28 8.5.2024

Што доколку нема цензус од 40% излезност на претседателските избори?

Ако има цензус од 40 отсто на претседателските избори, новиот претседател ќе даде заклетва пред стариот собраниски состав и тој ќе дава мандат за новата влада. Ако нема цензус, мандатот за нова Влада може да го додели актуелниот собраниски спикер Јован Митревски кој ќе треба да распише нови избори. Подетално, прочитајте ТУКА.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG