Гордана Сиљановска Давкова - Универзитетската професорка во претседателска фотелја
Сиљановска-Давкова е универзитетска професорка, ама отсега ќе практикува политика, наместо да ја предава како предмет на факултет. Но, не е неискусна во политката - Беше министерка во поранешна влада на СДСМ, па пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Сега освои најмногу гласови на претседателските избори 2024.
Вели дека во обраќањата до јавноста нема да користи „Северна“ пред името Македонија. Уставни измени ќе прифати ако ги изгласа Собранието. Приватно, Сиљановска-Давкова себе си се опишува како легалист, бунтовник, борец за правда. Ќе се залага за повеќе жени на клучни функции.
За да го прочитате Новинарскиот портрет на идната македонска претседателка кликнете тука.
ДИК: Најнови резултати од парламентарните избори
Според последните податоци на Државната изборна комисија(ДИК) од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари.
Или според бројот на освоени гласови: коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ 431.251 гласови или 43,23%, СДСМ 153.250 или 15,36%, ДУИ 137.486 или 13,78%, Вреди 106.991 или 10,72%, Левица 67.338 или 6,75% и ЗНАМ – За Наша Македонија 55.539 или 5,57%.
Мицкоски: Брзо формирање влада по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ
Еуфорично и со стиховите од песната „Бисер балкански“, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беа пречекани на говорницата во партиското седиште од каде ја прогласија убедливата победа на парламентарните избори во Северна Македонија на 8 мај.
„Успеавме“, „Историска победа на народот“, „Пад на владата во Македонија“ – ова беа дел од првите зборови на Христијан Мицкоски, кој извесно е дека ќе биде мандатар за формирање на новата Влада во Скопје.
„Уверен сум дека ќе ја формирале владата во најкус можен рок“, рече Мицкоски.
За повеќе детали кликнете тука.