Достапни линкови

Двојни избори - Двојна победа

Граѓаните на Северна Македонија со право на глас се изјаснуваат за претседател на државата, втор круг, како и за избор на пратеници во Парламентот.

  • Според првичните резултати, победник на двојните избори, парламентарни и претседателски, се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и нивната претседателска кандидатка Гордана Сиљановска Давкова
  • СДСМ и коалицијата го признаа поразот
  • Одзивот на гласачите беше доволен за исполнување на цензусот за избор на претседател, минимум 40%
  • Според МВР, гласањето се одвиваше без посериозни проблеми
  • Изборите ги следеа 1303 домашни и 860 странски набљудувачи
14:48 8.5.2024

Мирен изборен ден со поголем одзив за парламентарните

Граѓаните на Северна Македоонија гласаат на единаесеттите парламентарни избори во Македонија, како и на вториот круг од претседателските избори. До 13 часот одзивот на гласачите за претседателските избори е 22, 63 отсто, а за парламентарните 25,54 проценти. Идниот претседател/ка заклетвата ќе ја даде пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент, за чие место се борат кандидати од 17 партии и коалиции.

„Само нека има мир, соживот и пари, па кој сака нека победи“, ни рече Екрем Адеми по гласањето во општина Сарај. Целиот извештај од досегашниот тек на гласањето прочитајте ТУКА.

15:16 8.5.2024

Гласање без проблеми: „Кој и да победи, нека има мир“

Изборниот ден е мирен и се гласа без никакви пречки, велат и официјалните лица во избирачките одбори, но и граѓаните кои ги сретнавме на неколку гласачки места во скопски Карпош, Центар и во Општина Сарај. Во очекување на резултатите од претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, еден од гласачите порача: „Кој сака нека победи, нека има мир, нека има соживот. И пари да има.“

Гласање без проблеми: „Кој и да победи, нека има мир“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

15:34 8.5.2024

ДИК апелира избирачките одбори да го почитуваат упатството за гласање

Државната избрна комисија (ДИК) ги опомена членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски и за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Ова следува откако од терен добиле информации дека членови на избирачките одбори не го почитуваат упатството за гласање на ДИК.

„Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години“, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на вонредна прес-конференција.

16:02 8.5.2024

ДИК: Одзивот на претседателските избори до 15 часот е 31,98 проценти, а на парламентарните 36,84

Излезноста на претседателските избори до 15 часот часот изнесува 31,98 отсто, а на парламентарните 36, 84 проценти, покажуваат најновите податоци на веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК).

Голем одзив на гласачите за претседателските избори има во општина Крива Паланка (58,29%), а најмала излезност е регистрирана во Липково (5, 14 %).

Во однос на парламентарните избори најмала е излезноста во Изборната единица 6 (29,11%), а најголема во Изборната единица 1 (42,59%).

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG