Достапни линкови

Нова Европска комисија: Балтичките држави добиваат моќ во услови на неизвесна иднина за проширувањето


Претседателката на ЕК ги презентираше новите еврокомесари на прес-конференција, Стразбур, Франција, 17 септември 2024
Претседателката на ЕК ги презентираше новите еврокомесари на прес-конференција, Стразбур, Франција, 17 септември 2024

Проширувањето ѝ припадна на Словенија. Марта Кос, доаѓајќи од поранешна Југославија, се чини очигледно дека ќе се фокусира на Западен Балкан. И на некој начин, има совршена смисла затоа што многу од земјите таму во моментов се понапредни од Украина и Молдавија на нивниот пат кон ЕУ, и се чувствуваа малку тргнати на страна од Брисел во изминатите неколку години.

По доцнењето и соочувањето со многу проблеми, вклучително и со прашањето што има помалку жени од претходно, претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на 17 септември го претстави новиот тим на ЕК за следните пет години.

Да го кажеме тоа вака: големи победници се балтичките земји и Полска, кои добиваат моќни позиции, додека други централни и источно европски земји, и не добиваат толку.

Да видиме што се случува со проширувањето на ЕУ.

Јасно е дека Балтикот се чини е блиску до срцето на Фон дер Лајен. Секако, веќе знаевме дека шефица на надворешната политика на ЕУ ќе биде поранешната естонска премиерка Каја Калас. Летонскиот ветеран Валдис Домбровскис го доби тешкиот економски ресор и покрај гласините дека во следните години ќе се занимава со проширувањето.

Поранешниот литвански премиер Андриус Кубилиус беше да го води новоформираниот ресор за одбрана. Ова може да биде празна улога ако нема пари од ЕУ за одбрана.

Брисел сакаше да ја зајакне одбранбената индустрија на континентот, особено поради тековната војна во Украина, но прашање е дали земјите-членки се навистина заинтересирани да го сторат тоа. Има многу национални шампиони на ова поле, но малку европски и прашање е дали тоа ќе се промени во наредните години. Конечно, Пјотр Серафим, десната рака на полскиот премиер Доналд Туск, ќе го има в раце ќесето со пари – буџетот. Доста импресивно досега.

Шпанија ќе биде задолжена за внатрешниот пазар на ЕУ, Франција за индустриската стратегија, Ирска за правдата, Луксембург за земјоделското портфолио и Италија за кохезија – касата во која парите се префрлаат од побогатите во посиромашните региони на клубот. Австрија, која се повеќе се приклонува кон десно, ја доби миграцијата на внатрешните работи како вистински знак на времето во кое живееме.

Се разбира, романската кандидатка Роксана Минзату е една од шесте извршни потпретседатели. Тоа е голема улога, но нејзината област се „луѓе, вештини и подготвеност“, прилично нејасен концепт. Фон дер Лејен истакна дека таа ќе биде задолжена за образованието и социјалните права – прашања кои главно спаѓаат во надлежност на националните влади, а не на Брисел.

Бугарската кандидатка Екатерина Захариева ќе се занимава со истражувања и иновации – уште една област каде што ЕУ е прилично срамежлива, а Унгарецот Оливер Вархеји ќе се занимава со здравјето и благосостојбата на животните, нешто што стана поважно на европската сцена, особено после ковид пандемијата, но е сè уште не е од голема важност.

Се шпекулира дека и двајцата се изложени на ризик да бидат отфрлени бидејќи Европскиот парламент наскоро ќе започне со сослушување на кандидатите и најверојатно ќе елиминира барем неколку.

Во ера на зголемен протекционизам Словачка ја доби трговијата, Чешка „меѓународното партнерство“ што никој не знае што точно значи тоа, а Хрватска е задолжена за јужното соседство – со други зборови, земјите од Северна Африка кои не можат да бидат членки на ЕУ, но со кои блокот сака да склучи договори за спречување на имиграцијата.

А што е со проширувањето?

Оваа област се однесува на многу кандидати за влез во ЕУ од Западен Балкан, како и на источните земји-кандидати: Грузија, Молдавија и Украина.

Ова требаше да биде еден од приоритетите на оваа нова Европска комисија. Тој и припадна на Словенија и Марта Кос – единствениот кандидат за еврокомесар кој не е потврден во националниот парламент во Љубљана. Словенечката опозиција го одложи потврдувањето затоа што се вознемири што првичниот словенечки кандидат Томаж Весел беше сменет затоа што Фон дер Лајен бараше повеќе жени во нејзиниот тим.

Ова тешко дека изгледа ако силна поддршка кон политиката на проширување, а разбирам дека Украина и Молдавија се надеваа на некој со малку повисок профил и по можност од некоја пријателска балтичка земја. Марта Кос ќе биде задолжена и за источното соседство, поточно Азербејџан, Ерменија и Белорусија. Но, прашање е колку време ќе остане за оваа тројка.

Доаѓајќи од поранешна Југославија, се чини очигледно дека Кос ќе се фокусира на Западен Балкан. И на некој начин, има совршена смисла затоа што многу од земјите таму во моментов се понапредни од Украина и Молдавија на нивниот пат кон ЕУ, и се чувствуваа малку оттргнати настрана од Брисел во изминатите неколку години.

Малку е веројатно дека таа ќе биде толку контроверзна како актуелниот унгарски комесар за проширување Оливер Вархеји, кој јасно стави многу унгарски печат извршувајќи ја функцијата. Но, сè уште се чувствува дека проширувањето не е на врвот на агендата во Брисел во годините што доаѓаат.

XS
SM
MD
LG