Достапни линкови

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

На 30-министерски совет на ОБСЕ, доминира темата за Украина. Самитот е посветен на антикорупцијата и теренските операции во 2023. Доаѓањето на Сергеј Лавров е причина за недоаѓање на шефовите на дипломатиите на Украина и балтичките земји.

  • Блинкен замина, Лавров дојде во Скопје, но преку Грција
  • Критиките за руската инвазија врз Украина и делумен бојкот на говорот на Лавров
  • Ковачевски и Бербок се изјаснија: Нема средба со Лавров
  • Прес-конфереција на Лавров со критика за Западот
  • Предвидена е заедничка изјава за борба против корупцијата во југоисточна Европа
  • Дебати за влијанието на климатските промени
  • Младите и цивилното општество
  • Импактот на ОБСЕ на теренските операции во 2023
  • Заштита на плурализмот и безбедноста на жените новинарки
  • На крајот, предвидена е пленарна сесија и завршна прес-конференција
14:43 1.12.2023

Новинарското прашање за „пропаста на ОБСЕ“ го налути шефот на руската дипломатија

Прашањето на новинарката на Дојче Веле за тоа „што мисли за пропаста на ОБСЕ, за колапсот на организацијата“ го разлути рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој ја праша новинарката „каде учела новинарство и кој ѝ дал диплома“. Тој побара да го цитираат како што зборува.

„Реков дека сум рамнодушен за резултатите на сегашниот совет. Знам дека во Германија Владата ги охрабрува новинарите да пишуваат како што треба, така што ве молам следете ја внимателно оваа прес-конференција“, рече Лавров.

Новинарското прашање за „пропаста на ОБСЕ“ го налути шефот на руската дипломатија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

Лавров денеска, 1.12.2023, одржа прес-конференција во организација на руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Тој го обвини Западот за конфликтите во Европа и на Балканот. Вчера дел од делегациите на состанокот го бојкотираа неговото обраќање.

14:07 1.12.2023

Карпентер: Сите членки на ОБСЕ се согласија Малта да претседава во 2024

Сите членки на ОБСЕ се согласија и формално Малта да го преземе претседателството со организацијата во 2024 година, рече постојаниот претставник на Соединетите Држави во ОБСЕ, амбасадорот Мајкл Карпентер на брифинг со новинарите на маргините на Министерскито самит на ОБСЕ којшто се оржува во Скопје од 30 ноември до 1 декември.

Мајкл Карпентер - Американски амбасадор во ОБСЕ
Мајкл Карпентер - Американски амбасадор во ОБСЕ

Тој рече дека исто така е постигнат консензус, односно договор за мандатите на четирите клучни позиции на ОБСЕ да бидат продолжени за уште девет месеци. Се работи за позициите: генерален секретар на ОБСЕ, директор на ОДИХР, висок претставник за национални малцинства и претставник за слобода на медиуми. За целиот текст кликнете овде.

14:02 1.12.2023

На ОБСЕ Самитот усвоена заедничка изјава за безбедност на новинарките

Вкупно 46 од 57 земји членки на ОБСЕ се согласија на заедничка изјава за безбедност на новинарки во која стои дека како приоритет ќе биде ставено клучното прашање за безбедноста на новинарките на интернет и на меѓународната сцена, и во соодветните национални контексти.

На маргините на 30. Министерски состанок на ОБСЕ што се одржува деновиве со Скопје, министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, истакна дека прогресот единствено може да биде постигнат со инклузивност.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, на настанот истакна дека ако немаме пристап до јавно место и право на изразување, тогаш нашата демократија и плурализам не ја постигнале целта.

Jан Борг, министер за надворешни работи на Малта и иден претседавач со ОБСЕ, истакна дека се тука, како идни претседавачи, како што рече, да осигураат дека ова прашање ќе продолжи да биде еден од приоритетите.

13:56 1.12.2023

Лавров: Блинкен избега, Борел си замина. Тоа е кукавичлук

„Мојот колега, државниот секретар Блинкен, избега. Јас никаде не побегнав... И Борел исто така замина. Зошто се случува ова? Па, тие веројатно веруваат дека со тоа ја нагласуваат својата намера да ја изолираат Русија. И мислам дека тие се кукавици. Се плашат од секој искрен разговор со факти во рака. Тие се плашат. И овој ист страв ги објаснува сите овие проблеми со недавањето визи за нашите дипломати, и за настаните во ОН во Њујорк, за настаните во Париз на седниците на различни тела на УНЕСКО. Ова е кукавичлук“, рече шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на прес-конференцијата во петокот, 1 декември 2023, за време на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Лавров: Блинкен избега, Борел си замина. Тоа е кукавичлук
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:46 0:00

Според него, „во текот на овие две години од оваа хистерична хибридна војна на Западот против Русија, се уверивме дека тој нема јасни и разумни аргументи“. Лавров додаде дека на руските аргументи, што ги кажал вчера, никој не приговарал.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG