Прашањето на новинарката на Дојче Веле за тоа „што мисли за пропаста на ОБСЕ, за колапсот на организацијата“ го разлути Лавров, кој ја праша новинарката каде учела новинарство и кој и дал диплома. Побара да го цитираат како што зборува.
„Реков дека сум рамнодушен за резултатите на сегашниот совет. Знам дека во Германија Владата ги охрабрува новинарите да пишуваат како што треба, така што ве молам следете ја внимателно оваа прес-конференција“, рече Лавров.