Почнува министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје
Во Скопје денеска започнува Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.
На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста, присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ - САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.
Состанокот започна со неформалната вечера синоќа (29 ноември) на која, меѓу другите, присуствуваа и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел, кои си заминуваа непосредно по вечерата. За целиот текст кликнете овде.
Рускиот шеф на дипломатијата Лавров пристигна во Скопје
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека, доцна синоќа (29 ноември) на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слетал авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Лавров бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.
Рускиот шеф на дипломатијата ќе присуствува на Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. За целиот текст кликнете овде.
Истражување: Руси поврзани со Кремљ вработени во највисокото европско безбедносно тело
Само два дена пред Русија да ја започне својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко се обрати во Долниот дом на Парламентот за тоа што ќе бидат првите чекори на Кремљ за анексија на територија во источните украински региони Дољецк и Луганск.
Неговите воведни забелешки вклучуваат обвинувања дека Украина ги „саботира“ преговорите што ги води Трилатералната контактна група составена од Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), регионално безбедносно тело од 57 нации со седиште во Виена кое во моментов се наоѓа во криза поради руските вета пред клучниот состанок на Министерскиот совет на 30 ноември. За целиот текст клинете тука.
Мајстер: Русија ќе се обиде да го злоупoтреби самитот на ОБСЕ
Во Скопје денеска почна 30-иот министерски состанок на ОБСЕ. На состанокот уќествува и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. До неколку дена пред состанокот беше отворено прашањето кој ќе претседава со ОБСЕ во 2024 година, откако Москва стави вето на естонското претседавање. Решение беше најдено на неколку дена пред состанокот во Скопје, кога се одлучи Малта да биде следниот претседавач.
Во пресрет на состанокот Радио Слободна Европа разговараше со Д-р Стефан Мајстер, раководител во Центарот за ред и управување во Источна Европа, Русија и Централна Азија во Германски совет за надворешни односи