Достапни линкови

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

На 30-министерски совет на ОБСЕ, доминира темата за Украина. Самитот е посветен на антикорупцијата и теренските операции во 2023. Доаѓањето на Сергеј Лавров е причина за недоаѓање на шефовите на дипломатиите на Украина и балтичките земји.

  • Блинкен замина, Лавров дојде во Скопје, но преку Грција
  • Критиките за руската инвазија врз Украина и делумен бојкот на говорот на Лавров
  • Ковачевски и Бербок се изјаснија: Нема средба со Лавров
  • Прес-конфереција на Лавров со критика за Западот
  • Предвидена е заедничка изјава за борба против корупцијата во југоисточна Европа
  • Дебати за влијанието на климатските промени
  • Младите и цивилното општество
  • Импактот на ОБСЕ на теренските операции во 2023
  • Заштита на плурализмот и безбедноста на жените новинарки
  • На крајот, предвидена е пленарна сесија и завршна прес-конференција
13:19 1.12.2023

Лавров: Рамнодушен сум за исходот од Министерскиот совет на ОБСЕ

Целосен пад на сѐ што е креирано од ОБСЕ и деградација на сите димензии на Организацијата - безбедносни, дипломатски, економски и цивилни. Вака шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја опиша ситуацијата во Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) на прес конференцијата на маргините од Триесеттиот министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во Скопје.

Според Лавров, европските колеги не извлекле никаква поука и над 90 проценти од сите говори на пленарната сесија биле потврда на тоа. Тој рече дека е рамнодушен кон организацијата и резултатите од советот на ОБСЕ. За целиот текст кликнете овде.

12:46 1.12.2023

ОБСЕ е жива: Пораки од Министерскиот совет во Скопје

ОБСЕ е живо, неговата вредност е поголема колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности, се главните пораки што до сега беа испратени од Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Европските лидери ја осудија руската агресија врз Украина и упатија силна поддршка за украинскиот народ, а дел од нив ја напуштија салата за време на обраќањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во своето обраќање рече дека она што моментално се случува во ОБСЕ не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања, а на денешната негова прес-конференција го обвини Западот дека е „виновен за споровите во Европа и на Балканот“.

Премиерот Димитар Ковачевски, отворајќи го состанокот, порача дека визијата на ОБСЕ беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани. Шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека „на ОБСЕ ќе му биде обезбедена предвидлива и конструктивна иднина“. Германската министерка за надврешни работи Аналена Бербок, нагласи дека соработката во ОБСЕ мора дополнително да се зајакне иако „Русија поставила огромни пречки“. Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О'Брајан, рече дека е потребно да се упати критика за секој кој има намера да го блокира функционирањето на ОБСЕ. Украинскиот амбасадор во ОБСЕ, Евгениј Цимбаљук, изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против Русија.

11:42 1.12.2023

За Лавров, Западот е виновник за многу спорови во Европа

Не сум баш експерт за односите меѓу Македонија и Бугарија. Македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на нашиот континент. Ако генерално даваме оценка, не само за односи меѓу Македонија и Бугарија би рекол дека коренот на проблемите е во однесувањето на западните сили, рече денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на прес-конференцијата за време на Советот на ОБСЕ во Скопје, прашан за коментар на бугарскиот став за Северна Македонија во Европската унија (ЕУ).

Западот како „виновник“ Лавров го посочи и кога еден од присутните новинари побара „да ја искоментира изолацијата на Русија“, но и во одговорот за моменталната ситуација Белград - Приштина.

„Во текот на 2 години на војна против Русија не сме виделе разумен аргумент, а ние изразивме низа факти“, рече Лавров.

Прес-конференција на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, Скопје, 1.12.2023
Прес-конференција на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, Скопје, 1.12.2023

Шефот на русата дипломатија, одговарајќи на новинарски прашања во врска со неговото учество на 30-иот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, рече дека присуството на ваков состанок е обврска за Русија.

„Нема потреба некој да ме поканува, претседавачот има обврска да обезбеди сите министри за надворешни да бидат присутни заедно со новинарите и делагациите. Мојата земја има обврска да присуствува на овие состаноци и готово“, рече Лавров.

На прашање дали има шанси за договор со Украина, Лавров рече дека „за танго се потребни двајца“, и ги обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски и Западот.

„Засега нема сигнали ни од Киев, ниту од западните господари дека тие разговори ќе продолжат. Зеленски потпиша декрет пред 18 месеци со кој се забрануваат такви преговори. За да почне политичкиот процес треба двајца, ама луѓето од другата страна не сакаат да учествуваат во тангото, а за танго се потребни двајца“, рече Лавров.

Тој во неколку наврати им објаснуваше на некои од присутните новинари „како треба да работат професионално ако сакаат да бидат објективни“.

10:53 1.12.2023

Голем интерес за прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија

Во прес-центарот во кој се одржува средбата со новинарите на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, присуствуваат голем број новинарски екипи и сниматели од Македонија и од Европа.

Прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија ја организира руската делегација.

Министерскиот состанок на ОБСЕ што се одржува во Скопје завршува денеска. Лавров нема да присуствува на завршницата.

Голем интерес за прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија Лавров
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:23 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG