Лавров: Тие веќе создадоа европска политичка заедница без Русија и Белорусија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се обрати на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Во својот 15-минутен говор, Лавров ги напаѓаше западните земји, Европската унија и НАТО.
„Секој непристрасен човек разбира дека е важно прашањата за европската безбедност да се решаваат сериозно и искрено. Сепак, западната престолнина е завидно опседната со шансите на ОБСЕ за заживување. Тие веќе создадоа европска политичка заедница без Русија и без Белорусија. Така, на нашиот континент се исцртува уште една линија на поделба, уништувајќи го просторот на ОБСЕ“, рече Лавров.
Пред да го започне говорот, од салата излегоа делегации на неколку држави, како Украина, Чешка и други. За повеќе информации, изјави интервјуа и фотогалерии од состанокот на ОБСЕ кликнете овде.
Нема да ја дозволиме играта на Русија, порача Бербок од Скопје
Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.
Бербок, исто така, порача дека „нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка“.
Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“.
Камерон: Обединетото Кралство продолжува да ги поддржува Украина и ОБСЕ
Обединетото Кралство продолжува да ги поддржува Украина и ОБСЕ, порача шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон пред министрите за надворешни работи во Скопје пред почетокот на 30. Министерски самит на ОБСЕ.
Обединетото Кралство, пренесе МИА, ќе стои со Украина онолку долго колку што е потребно и ќе продолжи да дава морална, дипломатска, економска и воена поддршка, информираат од британската делегација во ОБСЕ.
Според Камерон, „Русија е одговорна за конфликтот и дека нивните постапки се неодбранливи и ги прегазиле сите десет начела на Хелсиншкиот завршен акт, врз кој почиваат односите меѓу државите“.
Лавров го обвини Западот дека го уништува ОБСЕ
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати на Министерскиот состанок на ОБСЕ, при што рече дека сегашната ситуација е директна последица на обидите на западните земји да ја обезбедат својата доминација преку „бесрамното користење на ОБСЕ за агресивно туркање на тесни себични интереси и намерно уништување на основниот принцип на консензус и самата култура на дипломатијата“.
Во својот 15 минутен говор, Лавров ги напаѓаше западните земји, Европската унија и НАТО.
Пред да го започне говорот, од салата излегоа делегации на неколку држави, како Украина, Чешка и други.