Лавров: Тие веќе создадоа европска политичка заедница без Русија и Белорусија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров се обрати на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Во својот 15-минутен говор, Лавров ги напаѓаше западните земји, Европската унија и НАТО. Пред да го започне говорот, од салата излегоа делегации на неколку држави, како Украина, Чешка и други.