О'Брајан: Се приклучувам кон повикот до Русија, но не знам дали ќе нѐ слушнат
Потребно е да упатиме сериозна критика за секој кој има намера да го блокира функционирањето на ОБСЕ, затоа што тоа би било директна закана кон нејзините основни вредности и заложби, но и кон животите на милиони луѓе кои се обидуваат да ги уживаат основните човекови права, потенцираше денеска помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О'Брајан.
Тој нагласи дека „останува на ставот со неговите колеги дека руската офанзива кон Украина е директна закана за слободата на цивилното население, за меѓународното право, како и принципите на ОБСЕ“.
„Русија продолжува да ги прекршува принципите на ОБСЕ. Се приклучувам кон гласот на моите колеги кои ја повикуваат Русија да ги сопре прекршувањата на основните принципи на Организацијата, но не сум сигурен дека се волни да го слушнат. Верувам дека ОБСЕ ќе напредува и дека Малта како претседавач ќе може да заврши одлична работа во 2024 година“, додаде О'Брајан.
Дачиќ: Благодарни сме што набљудувачите на ОДХИР ќе ги следат изборите во Србија
Србија е благодарна што набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДХИР) ќе ги следат парламентарните избори на 17 декември, изјави во Скопје српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека Дачиќ на средбата на маргините на самитот во Скопје со директорот на ОДИХР, Матео Макачи, рекол дека Србија ќе продолжи да работи на подобрување на изборниот процес во согласност со препораките на ОДИХР, Бета пријавени.
Дачиќ додаде дека Србија го гледа ОДИХР како еден од столбовите на ОБСЕ и „незаменлив партнер во човечката димензија на ОБСЕ и градење на демократско општество“.
Османи: Дијалогот и соработката во ОБСЕ беа заменети со поделби и поларизација
На крајот од нашето претседавање испраќам порака на надеж дека нема да ја пропуштиме нашата средба со историјата, дека ќе одговориме на тежината на моментумот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна индина за ОБСЕ, порача шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.
„Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсински и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација“, рече Османи во обраќањето.
И покрај сите потешкотии ОБСЕ продолжи да испорачува, оцени Османи и нагласи дека без оглед на војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток, мултирателатиризмот останува најдоброто оружје за пренеција на конфликти и надминување на несогласувања.
Говорот на Лавров бојкотиран од дел од делегациите
Дел од министрите на состанокот на ОБСЕ во Скопје денеска го бојкотираа говорот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Тие станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, македонскиот министер Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија.
Меѓу делегациите кои го бојкотираа Лавров е и чешката, чиј министер за надворешни работи, Јан Липавски, за ова се огласи и со објава на платформата Х (поранешен Твитер). Тој наведе дека не го слушал говорот на шефот на руската делегација во Скопје и смета дека покорисно е во тој момент во салата да бидат присутни неговите колегите задолжени за следење на дезинформации.