Заводлив, баладичен, носталгичен, игрив, современ, иновативен, светски... Само вака и никако поинаку со неколку збора може да биде опишано заедничкото дело на Никола Коџабашија, композиторот, пијанист и аранжер, кој години наназад живее и твори во Лондон, битолскиот кабаре состав ФОЛТИН и перкусионистот Гоце Стефковски – албумот насловена како Пенелопе икс или 7 песни и постлудиум за мјузиклот Одисеј и неговите жени.
Со прекрасна обвивка потпишана од македонскиот сликар Мирослав Масин, ова издание е моќен продукт на креативци кое влегува не само во редот на исклучителните музички остварувања на современата македонска сцена, туку без претерување ги поседува и сите постулати слободно да се вброи како наш самосвоен придонес за ововремената релевантна планетарна звуковна разгледница.
Говорејќи за оваа објава, Никола Коџабашија нагласува дека станува збор пред се колективен труд и дека самиот, во изминативе 15-тина години, никогаш не работел нешто што нема осмислена форма или, во случајов, осмислена приказна. Затоа, според него, Пенелопе икс е песнарка од една поголема музичко сценска форма – поставка според Хомеровата Одисеја.
„Во центарот се односите меѓу Одисеј и жените, односно аспект во кој тој расте како современ хомосапиенс и сето тоа е вклопено во една музичко-сценска целина која може да се нарече и мјузикл.“
Инаку, албумот е резултат на тригодишната активна дружба помеѓу Коџабашија и членовите на ФОЛТИН, осумте композиции се снимени на крајот на мината година во Скопје, а Бранислав Николов вели дека од самиот почеток не станувало збор за некаков амбициозен проект и дека композиторот издржал во своите настојби да го заокружи она што ги упатило да му се посветат на креативниот чин.
„Многу обично, многу спонтано беше, без никакви странички ефекти, суштински почнавме да се дружиме и се стигна до она, ајде да пробаме нешто заеднички да направиме.“
А, сега пак, кога веќе Пенелопе икс како заумна творба го започнува својот засебен живот, Никола Коџабашија милува да забележи дека таа самата по себе остава простор да се буди имагинацијата кај слушателот.
„Затоа и се прави музика, затоа се прави сликарство, затоа се пишува, за да се буди човечка имагинацијата, бидејќи така се лечи нашата имагинација.“
И, кон ова само уште информацијата дека промотивниот концерт за Пенелопе икс најверојатно ќе се одржи некаде на средината на мај годинава.

Затоа и се прави музика, затоа се прави сликарство, затоа се пишува, за да се буди човечка имагинацијата, бидејќи така се лечи нашата
имагинација.