Идриз Амети – вокал, Никола Бочваров – бас, Кренар Исмаили – виолина и Благоја Пенов – тапани, или заедно БЛА БЛА БЛА, овој петок, со свирка во клубот Хавана ќе го промовираат албумот Latumire или Збогум, третото издание на бендот зад кое како издавачи застанаа Пасвор продукција и СУРФ. Овој концерт е во рамките на промотивните активности на групата што започнаа во средината на февруари во Приштина, а ќе кулминират наскоро со планираниот перформанс во Тирана. Бележани како експериментален рок состав и дружина која има засебно место на актуелната македонска рок сцена, БЛА БЛА БЛА со новата колекција на песни која ја краси панкерската енергија, емотивноста на албанската традиционална музика и самосвојниот артизам, се навраќаат на своето деби издание од 1999 со кое донесоа нова естетика на овдешната музичка сцена.
„Ние на првиот албум снимивме многу песни од кои одбравме само седум, така што несакав тие да останат не снимени. Три-четири години се снимаше албумот и всушност ова е продолжение на првиот албум со некои малку поинакви и нови идеи бидејќи имаме нов виолинист, нова енергија“, забележува Идриз Амети.
Тој дополнува дека овие песни за него како автор на текстовите на песните и уметник кој твори во дадените услови на живеење, ова издание претставува бегство од прангите на реалноста.
„Ова претежно се наши стории од детството. Песната Збогум е навраќање на играње и џамлии, значи цело време бегаме од суровата реалност, мислам сите сме преокупирани со неа, но ако може некако да избегаме, бегаме.“
БЛА БЛА БЛА е формиран во 1988 година од Амети, Ермал Мехмети – виолина, Димитар Петров – тапани и Влатко Јаневски – бас, а деби албумот го објавуваат цели 11 години подоцна за Баги рекордс. Во 2005 излегува одличниот Oversky Balkanishe Reform , а бендот досега има настапувано на значајни музички фестивали во Словенија, Грција, Бугарија, Косово и во Македонија.
За натамошните активност на групата Амети вели дека му се важни престојните две промоции, актуелната и онаа што ги очелува наскоро во соседна Албанија, бидејќи нивниот пазар е овој дел од регионот.
„Што се однесува за понатаму останува да видиме колку ќе средат за гостување во Белград, Загреб, Виена, тоа е нивно, јас повеќе со тоа не сакам и не можам да се занимавам.“
Ние на првиот албум снимивме многу песни од кои одбравме само седум, така што несакав тие да останат не снимени. Три-четири години се снимаше албумот и всушност ова е продолжение на првиот албум со некои малку поинакви и нови идеи бидејќи имаме нов виолинист, нова енергија.
„Ние на првиот албум снимивме многу песни од кои одбравме само седум, така што несакав тие да останат не снимени. Три-четири години се снимаше албумот и всушност ова е продолжение на првиот албум со некои малку поинакви и нови идеи бидејќи имаме нов виолинист, нова енергија“, забележува Идриз Амети.
Тој дополнува дека овие песни за него како автор на текстовите на песните и уметник кој твори во дадените услови на живеење, ова издание претставува бегство од прангите на реалноста.
„Ова претежно се наши стории од детството. Песната Збогум е навраќање на играње и џамлии, значи цело време бегаме од суровата реалност, мислам сите сме преокупирани со неа, но ако може некако да избегаме, бегаме.“
Ова претежно се наши стории од детството. Песната Збогум е навраќање на играње и џамлии, значи цело време бегаме од суровата реалност, мислам сите сме преокупирани со неа, но ако може некако да избегаме, бегаме.