Вакцинирајте се, вакцините се корисни, а не штетни, апелираат здравствените власти, по порастот на бројот на заболени од мали сипаници(морбили). Од септември минатата година досега има пријавено 534 случаи на мали сипаници. Информациите од Институтот за јавно здравје покажуваат дека речиси 94 отсто од пријавените случаи се невакцинирани.
Најголем дел од заболените се деца помали од четири години. Речиси половина од заболените се од ромска националност, но повеќе од 90 отсто од пријавените заболени во последниот месец се од албанска или од македонска националност.
Доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести посочува дека во оние градови каде нема пријавени случаи на морбили треба да се направи проверка на вакциналните картони кај децата, да се пронајдат невакцинираните или некомплетно вакцинираните деца и тие да се вакцинираат.
„Во оние градови каде што има пријавено еден лабораториски потврден случај на морбили или два епидемиолошки случаи на морбили веднаш да се започне со вакцинација на деца од шестмесечна возраст до 40 годишна возраст.“
Микоробиологот, доктор Никола Пановски вели дека најчеста причина за појава на мали сипаници е невакцинираноста. Има деца што не вакцинирани зашто имале некои настинки или болсти во детството кога требало да ја примат вакцината или, пак, во некои рурални средини службите не стигнале да вакцинираат. Факт е дека од разни причини се намали вакцинирањето на населението, посочува Пановски.
„Заради разни шпекулации во јавноста, доста родители дури и во интелектуалните средини не ги вакцинираат децата. Државата дозволи на телевизија да одат емисии од квази-новинари и квази-стручњаци против вакцините. Тоа влијае на населението, па читаат на Интернет, па не знам што содржеле итн. Во секое одделение ќе најдете едно до две невакцинирани деца и тука гледам одговорност кај државата затоа што не ги казнува родителите. Се казнува за секаква глупост кај нас, по 500 евра ако си згазнал надвор од пешачки, а за ова? Мора казни, нема друго.“
Сепак, може луѓето да биле вакцинирани, а да се разболат, вели Пановски.
„Значи, да не се редовно вакцинирани или во некој период во минатото вакцините да не биле квалитетни. Значи, се работи за живи вируси и за да таа вакцина биде ефикасна виусот мора да е жив, ако во тек на транспорт угинал, вакцината не штити потполно.“
Во Скопје, Струмица и Куманово пред Нова година беше прогласена епидемија. Речиси две третини одд вкупниот број пријавени се во Скопје, од кои 50 случаи се од скопското село Радуша.
Докторите велат дека епидемијата во Радуша почнала меѓу средношколците кои се возеле со исто возило до училиште, а потоа епидемијата се проширила меѓу соседите и семејствата. По овие информации, ЈСП Скопје почна со дезинфекција на автобусите, а најави дека презема и други превентивни мерки и активности.
Во оние градови каде што има пријавено еден лабораториски потврден случај на морбили или два епидемиолошки случаи на морбили веднаш да се започне со вакцинација на деца од шест годишна возраст до 40 годишна возраст.
Најголем дел од заболените се деца помали од четири години. Речиси половина од заболените се од ромска националност, но повеќе од 90 отсто од пријавените заболени во последниот месец се од албанска или од македонска националност.
Доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести посочува дека во оние градови каде нема пријавени случаи на морбили треба да се направи проверка на вакциналните картони кај децата, да се пронајдат невакцинираните или некомплетно вакцинираните деца и тие да се вакцинираат.
Заради разни шпекулации во јавноста, доста родители дури и во интелектуалните средини не ги вакцинираат децата. Државата дозволи на телевизија да одат емисии од квази новинари против вакцините и квази стручњаци. Тоа влијае на населението, па читаат на Интернет, па не знам што содржеле итн. Во секое одделение ќе најдете едно до две невакцинирани деца и тука гледам одговорност кај државата затоа што не ги казнува родителите. Се казнува за секаква глупост кај нас, по 500 евра ако си поминал, а си згазнал надвор од пешачки, а за ова, мора казни, нема друго.