Достапни линкови

Еден починат од новиот грип


Министерството за здравство потврди дека од грипот од типот А(Х1Н1) починал еден пациент.

Триесетидвегодишниот пациент од Кочани кој во тешка состојба бил донесен во Скопје седум дена се борел за живот и починал од белодробни тегоби. Во изминатото деноноќие на скопската клиника за инфективни болести починала и шеесетгодишна жена од Скопје која имала претходни хронични заболувања. Потврдено е исто така дека досега се регистриарни седум случаи на новиот грип. Според минатогошните согледувања, сезонскиот грип почесто ги погодува постарите лица додека свинскиот грип децата, но според лекарите тоа е модел на однесување на почетокот, а понатаму и свинскиот грип се очекува да се однесува апсолутно исто како и сезонскиот:
Карактеристично е за новите типови на вируси пред се да ги зафаќаат помладите генерации се додека не се воспостави негово етаблирање во популацијата и тогаш се однесува на ’редовен’ начин.

„Карактеристично е за новите типови на вируси пред се да ги зафаќаат помладите генерации се додека не се воспостави негово етаблирање во популацијата и тогаш се однесува на ’редовен‘ начин така што и за свинскиот грип се очекува кога ќе си заземе стратешки позиции меѓу населението да се однесува апсолутно исто како и сезонскиот“, изјави доктор Драган Даниловски.

Вкупниот број на пријавени случаи од грип во Македонија изнесува 6.656 лица. На инфективната клиника во изминатото деноноќие болнички се лекуваат 4 лица од кои еден е на респиратор, а во останатите делови на државата се хоспитализарни 146 лица. Досега од грип починаа пет лица од кои само еден бил позитивен на новиот тип. Комисијата за пандемски грип апелира граѓаните да ги преземат сите потребни превентивни мерки, но не да шират паника.

Вкупно досега починаа четири лица од сезонскиот грип. За разлика од лани кога имавме епидемија од 50 илјади пријавени заболени, сега бројот е многу помал, но постепено расте. Лекарите нагласуваат дека е битно грипот да не се одолговлекува и секој заболен да се консултира со матичниот лекар кој треба да му препорача терапија или да го упати во болница ако е потребно, а она на што треба да се внимава се препораките за општа и лична хигиена.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG