Достапни линкови

Препораки за заштита од грипот


На првиот ден од второто полугодие, Mинистерството за здравство co препораки до училиштата за заштита од грипот.

Со почетокот на училишната година децата се во поблизок контакт и нормално како и сите респираторни заболувања и грипот може многу полесно да се развива. Она на што треба да се обрне внимание се препораките за општа и лична хигиена, нагласува доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство:
Дадовме препорака до училиштата овој период да обрнат внимание на дезинфекција на површините, проветрување почесто и лична хигиена кај децата, како миење на раце, кивање во марамче итн, значи истите препораки од лани.


„Тоа не значи дека децата надвор од училиштата не се сретнуваат, бидејќи тие во близок контакт може да бидат и надвор од училишните клупи, обично навечер кога излегуваат. Дадовме препорака до училиштата овој период да обрнат внимание на дезинфекција на површините, проветрување почесто и лична хигиена кај децата, како миење на раце, кивање во марамче итн, значи истите препораки од лани.“

Општа мерка за да се спречи грипот освен вакцинација, според лекарите не постои. Професорите исто така треба да внимаваат ако се појават ученици со симптоми на грип да не присуствуваат на училиште. Училиштата не забележале поголеми отсуства на првиот училишен ден од второто полугодие, вели Ефтим Пејовски директор на средно училиште во Скопје:
Се преземаат мерките што се во рамките на предвидените, односно водиме сметка и подготвени сме да имаме повисоко ниво на хигиена во училиштето и нормално се укажува на учениците за подобрување на личната хигиена.


„Се преземаат мерките што се во рамките на предвидените, односно водиме сметка и подготвени сме да имаме повисоко ниво на хигиена во училиштето и нормално се укажува на учениците за подобрување на личната хигиена, односно водење на лична хигиена, имајќи ги во предвид претходните искуства со вакви состојби што ги имаме.“

Државниот инспекторат е задолжен да го информираат сите училишата за мерките кои инаку редовно треба да се практикуваат, а сега поради грипот позасилено. Според последните податоци, бројот на официјално регистрирани заболени е околу 4.200, но сигурно бројот е многу поголем зошто има многу кои се лекуваат во домашни услови:

„Значи за разлика од лани кога имавме една епидемија од 50 илјади пријавени заболени, сега бројот е многу помал, но постепено расне.“

Битно е секој заболен да се консултира со матичниот лекар кој треба да му препорача терапија или да го упати во болница ако е потребно нагласуваат лекарите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG