Докторе, со какви проблеми се справуваат младите лекари во македонскиот здравствен систем при почетокот на кариерата?
За жал, голем дел од колегите вработувањата ги чекаат особено долго. Законските рамки и законските правила кои што ги дава државата за одредени работи, особено за делот на специјализацијата, се навистина специфични. И административните проблеми кои што ги имаат колегите по завршувањето се навистина големи. За жал, многу голем делот колегите го наоѓаат решението надвор од Македонија, немајќи надеж дека тука нешто ќе се подобри.
Во принцип, во Македонија да си лекар е навистина нешто предизвикувачки, не само самата професија која што носи адреналин, носи возбуда, носи потреба за константно учење и работа, сепак и нашето вметнување во системот е еден од проблемите со кои што се соочуваме и кои што никако не може да ни стане јасен, особено заради апелите на државата и на крајот од една од статистиките кои што ги имаме, дека бројот на лекарите во Македонија и секако во секоја друга земја, особено на Балканот, е се помал и помал и егзодусот на младите лекари е навистина голем.
Во ситуација кога недостасува медицински кадар во земјава, зашто младите „тазе“ дипломирани лекари имаат проблем да се вработат, зашто чекат толку многу време?
Еден од главните проблеми со кои што се соочуваме и сме го виделе во пракса е сепак партиското вработување, би го нагласил и би го нотирал како број еден проблем, кој што за жал во сите сфери, па и во здравството, предизвикува сериозни проблеми и предизвикува назадување на сето она што било надеж и потреба за вработување на еден млад колега.
Административните потешкотии, кои што ги напоменав, се исто така едни од проблемите каде што, конкретно како пример, ќе ги земам за пример онаа шестмесечна платена пракса, којашто колегите ја имаат како услов за вработување, односно за специјализација и земање на специјализација, е еден процес којшто долгорочно трае, за жал. Ние немаме автоматизација на процесот, завршуваш, тоа трае, да речеме, еден месец по завршување и се вработуваш.
Се случувало да имаме колеги кои што дури и повеќе од една година чекале за вработување. И за жал, главната проблематика е тоа што, според мене, недоволно им се дава шанса на младите колеги, тоа е првата работа.
Втората работа е немањето на желба да се приоритизира здравството, односно, она што значи здравствен систем, и да, едноставно, се вложи повеќе од доволно за младите, заради тоа што, студиите се едно, а праксата, односно работата е сосема нешто друго.
За жал, како и во многу други сектори, како и во целата Македонија, така и во здравството, проблемите се, најмногу од аспект на тоа што се обидуваат да го искористат тој млад кадар или тој труд кој што го вложува младиот кадар. Верувајте дека младите лекари се особено ентузијасти и сакаат да научат, и треба да се вработат многу лесно и брзо.
Според податоците од лекарската комора во изминативе 3 години над 600 млади лекари си заминале од земјава и си ја бараат среќата некаде во странство. Како да се спречи иселувањето на младиот медицински кадар од земјава?
Начинот на решавање за мене лично е, еден и единствен, а тоа е оној административен лавиринт кој што под еден мора да се намали и да се таа бирократија да се што е можно побрзо реши.
Втора работа е едукацијата да се исклучително подобри и да се делува што е можно повеќе на оној сегмент на едуцирање на младите, и секако трето, константно говориме за специјализанти и млади лекари и константно ние говориме за плата.
За мене е недозволиво, без разлика што може ќе звучи
како несоодветна изјава, да имаме едно изедначување на младиот лекар со социјални случаи. Тоа е недозволиво за мене, заради тоа што е несватливо да се бориме за соодветна егзистенција.
Верувајте, имаме колеги кои паралелно со нивната приватна специјализација работат и секундарна работа како доставувачи на храна. Не дискриминираме ниту една работа, меѓутоа ако си лекар, сметам дека треба да си таму задржан.
Дали вие лично му верувате на македонскиот здравствен систем, ако на пример хипотетички имате потреба од здрастена услуга, када би се лекувале?
Ќе одговарам кратко и јасно. Доколу не би ги имал контактите што ги би ги имал во моментов, за жал, голема е веројатност, ако имам финансиска можност, да се лекувам во приватниот сектор, иако имам многу колеги, некои на кои навистина им веруваме и се вработени државно, верувајте има навистина сериозен и квалитетен кадар. Лекарите и здравствените работници работат.
Апсолутно имаме простор за подобрување секаде, но на крајот од денот, здрастените власти, тие што треба да направат систем, да одредени колеги бидат соодветно валоризирани, доколку тоа го прават добро, а одредени колеги да бидат соодветно казнати, доколку не го прават тоа. За да имаме ние добар здравствен систем, мора да имаме две соодветни страни, кои што соодветно се соработуваат, односно работат. Една страна се пациенти, на друга страна се докторите.
Здравствениот систем не е сјаен ни за нас, ни за пациентите во одредени ситуации. А, дали му верувам до крај, можам да кажам дека верувам на поединци, верувам на колеги, верувам на вработените во здравството, меѓутоа на здравствените власти и на оној политички субјект недоволно.
Респиратор за Искра, лекување на Срна, Никола, Кара. Ова се само дел од имињата на децата кои што јавноста ги запозна преку платформата за донација „екраудинг“ во која што сте и вие дел од неа. Колку барања за помош пристигнуват до вас во изминатиот месец?
Случаи има многу. Навистина барања има секојдневно, дали се тоа телефонски, дали се тоа преку имејл, дали се тоа преку социјални медиуми, Фејсбук, Инстаграм и слично. И можам да кажам дека навистина се траорни.
Значи, од една до последна, сите се буквално во тешка ситуација, секаде има навистина потреба од помош.
Конкретно, случајот со малата Искра беше нешто што мене лично ме погоди искучително многу и нa емоционален аспект, да, буквално некои работи, некои ситуации се навистина посилни од нас. Без разлика што секојдневно гледаме секакви човечки судбини, и ние сме, условно кажано, навикнати, не треба секогаш емотивно да реагираш, но, сепак овој тип на платформа и овој тип на донаторство и ова развивање според нас на филантропијата е нешто што треба да постои во иднина, заради тоа што единствениот начин за некои случаи да видат светло, е ваков тип на донација.
Во тој контест со случајот со девојчето Искра, респираторот нели би требало државата да го обезбеди, затоа што нејзе и е неопходен?
По, многу правила и по многу начини на функционирање, би требало да е така. Конкретно колку што имам информации, моментално за третирање на Искра во „Систина“, веројатно би требало да биде покриено од Фондот за здравство, и да во тој апсект да немаат никакви трошоци.
Меѓутоа користењето на апаратот во домашни услови е нешто што колку што разбрав, треба да си го обезбедат самите. Тука за среќа успеавме да се најдеме ние, и додека ние го правиме веќе интервјуто, можам гордо да кажам дека успеавме за помалку од 24 часа, поточно за 12-13 часа, успеавме да собереме 10 000 евра кои што се доволно потребни за да може да го купиме тој респиратор што всушност е неопходен за излегување од болница и функционирање.
Целото интервју со доктор Трајковски можете да го погледнете во видеото погоре.