Достапни линкови

„Виновен сум“: Руски антивоен активист обвинет за „дискредитација“ на Армијата


Ижма, Русија. Еко активистот Алексеј Семјонов, гонет кривично за дискредитирање на руската армија.
Ижма, Русија. Еко активистот Алексеј Семјонов, гонет кривично за дискредитирање на руската армија.

Рускиот антивоен активист Алексеј Семјонов ги одби понудите за адвокат во неговото судење за наводно „дискредитирање“ на руската војска. Тој признава дека е „целосно виновен“ но според, како што вели „нелегитимен“ закон. Семјонов се соочи со повеќекратни казни и апсења затоа што се спротиставил на руска инвазија на Украина.

Во септември 2022 година, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин објави национална мобилизација за неговата целосна инвазија на Украина, 55-годишниот Алексеј Семјонов отиде во локалниот Дом на културата во неговото родно место Ижма во северната руска Република Коми.

Зградата беше место за собирање на првите 40 мажи од неговото село мобилизирани за војната на Путин. Тогаш Семјонов остави полна вреќа за ѓубре на скалите на која беше испишан зборот „ZOO“ со боите на Украина, жолта и сина како знак на исмевање на симболот „Z“ прифатен од руската воена машина и поддржувачите на инвазијата на Украина.

На Семјонов, обучен педијатар и активист за заштита на животната средина, сега му се заканува затворска казна до три години под обвинение за „дискредитирање на руските вооружени сили“, оти објавил фотографија на социјалните мрежи со натпис „Ижма вежба - поздрав од Карго 200“, што е руска фраза за транспорт на телата на загинатите војници.

Датумот на судењето на Семјонов во Окружниот суд во Ижма допрва треба да се одреди, но тој вели дека веќе ги одбил понудите на адвокатите, додавајќи дека се согласува со заклучоците на истражителите за неговите „мотиви и методи“.

„Сметам дека законот според кој ме гонат е нелегитимен и неправеден“, изјави тој за RFE/RL's North.Realities, регионален весник за рускиот сервис на РСЕ.

„Затоа, судете ме. Јас сум целосно виновен според овој апсурден закон“, вели Семјонов.

Ижма, Русија, Алексеј Семјонов приведен од полицијата бидејќи ја навредувал руската армија
Ижма, Русија, Алексеј Семјонов приведен од полицијата бидејќи ја навредувал руската армија

Семјонов, кого руската група за човекови права веќе го претставува како политички затвореник, е меѓу стотиците Руси кои се обвинети за нивните антивоени позиции според низа кривични закони, вклучително и новововедените закони со кои се криминализира она што руските власти го сметаат за „дискредитирање“ или ширење „лажни“ информации за војската.

Семјонов за РСЕ изјави дека се надевал дека ќе испрати порака за руската инвазија на Украина која ќе стигне до жителите на селото, кои тој ги опишува како главно поддржувачи на војната на Путин.

„Навистина сакав да ги натерам нашите луѓе од Ижма да се сомневаат во неопходноста од учество во оваа братоубиствена војна и не ги отфрлам моите намери“, рече тој.

Семјонов вели дека неговото спротивставување на Путин предизвикало и лични и професионални несогласувања во неговиот живот, вклучително и со неговата мајка и од неодамна, со Центарот за рециклирање во Ижма што тој го основал и кој му обезбедил постојан приход.

Тој вели дека неговите партнери во Центарот за рециклирање одбиле да соработуваат со него поради неговиот антивоен активизам и дека, откако тој повика на бојкот на мобилизацијата на Путин и по кривичната постапка против него, неговите партнери го презеле бизнисот за да „не да се дискредитира целиот Центар за рециклирање меѓу провоените жители“.

Откако Путин ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, Семјонов двапати беше уапсен и казнет откако беше прогласен за виновен за „дискредитација“ на руските вооружени сили.

Тој одбил да ја плати казната од 30 000 рубљи (367 долари) не само затоа што немал пари, туку и затоа што не сакал „да финансира криминална војна“, изјави тој за РСЕ.

Избегани од Русија започнуваат нов живот во Монголија
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:35 0:00

На 28 септември 2022 година, тој беше уапсен откако го прекина настанот во истиот Дом на културата од каде што селските мажи беа испратени на мобилизација неколку дена претходно. Тој рече дека викал: „Путин ќе биде погубен затоа што ги испрати жителите на Ижма во братоубиствена војна“.

Семјонов вели дека се надева на условна казна во неговиот кривичен случај поради неговото признание за обвинението за „дискредитација“ според законот за кој правните експерти велат дека има за цел да го задуши противењето на војната на Кремљ во Украина.

Тој за РСЕ изјави дека нема намера да бега од Русија, велејќи дека нема да може да најде работа на друго место, а и неговата сопруга одбива да замине.

Семјонов е и татко на три сина на возраст за мобилизација, од кои едниот веќе е казнет поради учество на антивоен протест и сака да ја напушти Русија. Според Семјонов, неговите синови се обидуваат да живеат надвор од дома за да избегнат да бидат мобилизирани и се кријат од периодичните рации за лоцирање на мажи на возраст за мобилизација.

„Им велам: Не треба никаде да одите. Ако сакаат насилно да ве мобилизираат, преправајте се дека сте мртви. На владата не и требаат мртви луѓе“, вели Семјонов.

Семјонов беше брзо изведен пред суд и му беше изречена петдневна казна за неплаќање на претходната казна за обвинението за „дискредитација“. За сегашното обвинение со кое се соочува, е предвидена затворска казна до три години.

XS
SM
MD
LG