Достапни линкови

Османи - На Русија и одговара да ги држи живи конфликтите на Балканот


Османи – Да се фатиме со проблематична корупција, а не со користење службена кола за партиски цели
please wait

No media source currently available

0:00 0:19:34 0:00

Османи – Да се фатиме со проблематична корупција, а не со користење службена кола за партиски цели

Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Па така и последната ескалација меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт, вели министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за Радио Слободна Европа.

Господине Османи, која е позадината на повлекувањето на бугарскиот амбасадор во Софија и заострувањето на односите на државно ниво од страна на Бугарија?

Не би можел да коментирам за причините, бидејќи освен тоа што не имаат информирано со нота и кажуваат јавно, меѓутоа доколку е поврзано со инцидентот којшто се случи во Охрид, јас тоа би го сметал за диспропорционална реакција бидејќи, тоа прво е индивидуален инцидент, за кој државата ги презеде сите можни мерки. Ги идентификуваше веднаш сторителите, еден е во притвор, имаше осуда веднаш од страна на претседател, премиер, министер за надворешни работи. Јас отидов во Софија, изразивме тоа што треба државата да го покаже кон наш државјанин и граѓани, така што навистина не гледам што би било поврзаноста меѓу едниот случај и реакција.

Токму затоа зачудува реакцијата затоа што политиката на официјално Скопје е таа којашто веќе ја спомнавте, бевте во Софија, осудувате говор на омраза, акти на насилство и се враќаат во Скопје и добиваме една ваква реакција од Софија.

Реално во нашата јавност имаше една реакција којашто не беше внимателна по однос, општата јавност во Република Северна Македонија, коешто еве, може единствено да се види дека ако може да се најде некоја мана во нашето однесување, меѓутоа генерално институциите реагира како што треба да реагира државата за вакви случаи. Ниту може еден таков индивидуален инцидент да се генерализира и да се извлечат заклучоци во однос на како се однесува државата кон заедниците. Навистина Република Бугарија влегува во изборен процес. Тие имаат избори на 2 април, а веќе две години нема политичка влада и тоа е навистина отежнувачки фактор, бидејќи изборите обично ги комплицираат сензитивните прашања и не даваат простор за дипломатите, да тие што треба да ја одржат комуникацијата си ја завршат работата како што треба. За жал, и кај нас има политиканство во тој дел, затоа коментирав сезоната на провокатори, насилници и политички профитери отворена и сега секој е влезен во акција, но ние мора да ставиме стоп на тој циклус на меѓусебно влошување на односите и да ја вратиме позитивната агенда. Мислам дека Северна Македонија направи досега сè што треба во однос на справување со еден инцидент што може да се случува секаде.

Министре, бевте дециден во изјавата, дека на секој кој ќе покаже територијални претензии или ќе го навредува македонскиот народ, неговите чувства, идентитет, ќе се соочи со забрана за влез во државата. Засега Владата не донесе одлука со која забранува влез на бугарски политичари, а во меѓувреме бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски продолжува со изјавите дека „Македонија е бугарска“ иако во последните денови неговите изјави добиваат уште порадикална димензија. Дали сте координирате во акциите, во активности што ги преземате со државниот врв, затоа што се добива впечаток дека не сте усогласени?

Мислам дека тие координации веќе се одвиваат, мојата цел повеќе беше да се наметне принципот, чија цел е да се прекине овој циклус на меѓусебни препукувања, провокации итн.


Но не е само европратеникот Џамбаски, туку и Вашиот бугарски колега Милков директно се закани со можност да се запрат преговорите, односно евроинтеграцискиот пат на Македонија и можност за ново вето? Што Вие правите да да не се случи тоа?

Прво во однос на Џамбаски, бугарското општество него го отфрли на последните избори, воопшто не им дозволи на нивната партија да влезе во Бугарскиот Парламент. За жал, мислам дека нашето општество штотуку му обезбеди на Џамбаски уште еден мандат во Европскиот Парламент, создавајќи од него некаква политичка ѕвезда од тотален маргиналец во бугарското политичко општество.

Најавите за организирана посета на Бугари во Скопје на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари Советот за безбедност го оцени како настан од висок безбедносен ризик и претседателот укажа на руска вмешаност во зголемувањето на тензиите меѓу двете земји. Какви се вашите сознанија, дали руската разузнавачка служба ги „поткопува“ македонско-бугарските односи?

Јас немам такви директни информации, меѓутоа дека има интерес на трети фактори да се одржат живи конфликтите во овој регион, некогаш и замрзнати, со цел полесно да може да се манифестира влијание во нашиот регион, тоа е веќе позната работа од поодамна и тоа влијание сме го виделе во различен интензитет, во различни периоди на односите, не само меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку воопшто на Западен Балкан, така што сигурно последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт. Дали е тоа во наш интерес? Јас не се согласувам.

Тие трети фактори не би ги именувале сега?

Руската Федерација.

Деновиве сте во постојана комуникација и со Антикорупциска
комисија во врска со нивните обвинувања дека сте користеле службени возила за партиска агенда за да присуствувате на партиски настани.
Имаше демант од ваша страна, па потоа дојде од нивна страна, имало, немало, без разлика за каков извештај се работи, дали бил претходен, дали бил конечен итн. Моето прашање е дали лично чувствувате одговорност некаква за тоа што сте го правеле?

Знаете зошто реагиравме, бидејќи пишува злоупотреба на возило. Знаете за што се работи? Во тек на кампања политичар министер одржал партиска прес-конференција, а тој политичар е и портпарол на партијата во тек на работно време. И сега јас им велам на антикорупционерите па знаете ли дека со закон на секого му следува 30 минути пауза за ручек.

Вие сепак треба да бидете пример за другите, Вие сте функционер.

И што значи во тек на кампања политичарите да се исклучат? Па кампањата е баш поради тоа политичарите да се обратат.

Но надвор од работно време.

Па кога? Вие новинарите барате да биде во работно време, бидејќи надвор од работно време за мене е во 21 часот навечер, тогаш мене ми завршува секој ден работното време. Јас доаѓам во осум часот наутро на работа, излегувам од работа во 21 часот. Што е работно време за министер.

Ама отидовте со службен автомобил бевте таму, веројатно ако веќе сте сакале сте можеле со ваш приватен автомобил тоа да го правите, не како министер.

Видете, физички е тоа неможно.

Како?

Физички е тоа неможно во тек на работно време вие да се исклучите од една кола, но еве за тој дел може да прифатам, ако било така, може да кажеме дека е грешка, иако физички е невозможно како тоа да го направите. Затоа велат дека треба да се концентрираме навистина на прашања од корупцијата кои што се проблематични, којшто црпат од ресурсите на државата, од граѓаните, се злоупотребувани и на тој начин да се создаде кредибилитет во нашата борба против корупцијата а не сега да создадеме приказна цела една недела кон министер за надворешни работи, затоа што пред година и пол бил во тек на работна работно време бил на партиска конференција, а тој е политичар.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG