Достапни линкови

Експлозија на Кримскиот мост, Русија ќе истражува, за Укрaина „ова е почеток“


УКРАИНА – Пожар по експлозија на мостот Керч во анкетираниот Полуостров Крим, 8 октомври 2022 година
УКРАИНА – Пожар по експлозија на мостот Керч во анкетираниот Полуостров Крим, 8 октомври 2022 година

Рускиот претседател Владимир Путин наредил официјална истрага за инцидентот со Кримскиот мост, каде на 8 октомври утрината имаше експлозија и пожар. Украинското Министерство за одбрана ја спореди експлозијата на мостот со потонувањето на рускиот ракетен крстосувач Москва во април годинава. Русија тврди дека загинале три лица кои биле во автомобил во близина.

Експлозија и пожар рано на 8 октомври го оштетија Кримскиот мост, што ги поврзува Русија и окупираниот Кримски Полуостров и го запреа сообраќајот.

Властите во Москва велат дека станува збор за бомбашки напад, а висок соработник на претседателот на Украина сугерираше дека е нов удар од Киев.

„Денеска во 6:07 часот на патниот сообраќај на Кримскиот мост експлодираше автомобил-бомба, при што се запалија седум цистерни со нафта кои со железница се превезуваа до Крим“, објавија руските новински агенции пренесувајќи ги зборовите на Националниот антитерористички комитет.

Експлозијата го оневозможи сообраќајот преку мостот од Русија до Крим
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

По Кримскиот мост пуштен пред три години се одвива и железнички и патен сообраќај.

Рускиот истражен совет наведува дека експлозијата е предизвикана од камион-бомба и дека загинале три лица кои се наоѓале во автомобил што бил во близина, јавуваат западните агенции Асошиејтед прес и Агенцијата Франс прес.

Русија тврди дека железничкиот дел од мостот, каде што се запалиле танкери со нафта, повторно ќе биде отворен во сабота. А патниот сообраќај по лентите што не се оштетени ќе биде пуштен во сабота навечер.

Видеото објавено на проукрански социјални мрежи покажува бесен пожар на железничкиот дел од мостот и дека пропаднал дел од еден коловоз.


Рускиот претседател Владимир Путин наредил официјална истрага за инцидентот со Кримнскиот мост, изјава на 8 октомври портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесе Интерфакс.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на социјалната мрежа Твитер утрото напиша твит во кој сугерираше вмешаност на Украина. Тој го нарече инцидентот на мостот „почеток“.

„Крим, мостот, почеток“, твитна Подољак на англиски.

„Сè што е нелегално мора да биде уништено, сè што е украдено мора да се врати во Украина, сè што е окупирано од Русија мора да биде протерано“, напиша Подољк на Твитер.

Сепак, Киев, можеби се обиде да ги повлече забелешките на Подољак. Украинското претседателство подоцна објави соопштение, кое му се припишува на Подољак, во кое се вели дека руската страна треба да го даде одговорот на прашањата за потеклото на експлозијата.

„Вреди да се напомене дека камионот што експодираше, според сите индиции, влегол во мостот од руска страна. Затоа, одговорите треба да се бараат во Русија“, рече тој.

Руската новинска агенција ТАСС ја цитираше портпаролката на Руската Федерална агенција за патишта (Автодор), која рече дека „персонал од руското Министерство за вонредни состојби и патната служба работат на местото за да го локализираат пожарот“.

Споделените слики на социјалните мрежи покажуваат како се издига црн чад на едниот крај од 19-километарскиот патно-железнички мост, кој беше завршен во 2019 година.

Оштетен дел од патот на Кримскиот мост.
Оштетен дел од патот на Кримскиот мост.

Кримскиот мост е најдолгиот во Европа и имаше за цел да ја консолидира контролата на Русија врз Крим, кој таа го анектираше од Украина во 2014 година.

Украинското Министерство за одбрана ја спореди експлозијата на мостот со потонувањето на рускиот ракетен крстосувач Москва во април годинава.

„Два озлогласени симболи на руската моќ на украински Крим паднаа. Што е следно?“, објави Министерството на Твитер.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „реакцијата на режимот во Киев на уништувањето на цивилната инфраструктура е доказ за неговата терористичка природа“.

Во меѓувреме, Киев минатата недела забележа придобивки во пресметките со Русија во источна и јужна Украина, а руските сили по повеќе од еден месец имаа придобивки во источниот регион Доњецк околу Бахмут.

Русија започна неипровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG