Достапни линкови

Рускиот план за анексија на делови од Украина


билборд на кој пишува: „Со Русија засекогаш, 27 септември“, за референдумот што Западот го нарекува лажен.
билборд на кој пишува: „Со Русија засекогаш, 27 септември“, за референдумот што Западот го нарекува лажен.

Четири територии на Украина под контрола на Кремљ денеска започна референдуми за приклучување кон Русија, кои се во спротивност со меѓународното право и повелбата на ОН, додека претседателот Владимир Путин ја засилува својата неуспешна инвазија врз Украина.

Самонаречените народни републики Доњецк и Луганск кои рускиот претседател Владимир Путин ги призна како независни држави непосредно пред инвазијата на 24 февруари, од денеска до недела одржуваат референдуми за приклучување кон Русија кои Украина и Западот ги оценија како лажни.

Регионите Керсон и Запорожје, кои допрва треба да бидат признати како независни држави од Русија, исто така одржуваат свои референдуми. Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони, а околу 60 насто од регионот Доњецк е во руски раце.

Колку територија може да загуби Украина?

Територијата што Русија ја контролира изнесува повеќе од 90.000 квадратни километри, или околу 15% од вкупната површина на Украина - еднаква на големината на Унгарија или Португалија.

Русија го анектира Крим во 2014 година. Со Крим и територијата во четирите други региони, Русија ќе добие површина приближно со иста големина како и американската држава Пенсилванија.

Според западните проценки, Москва депортирала околу 1,6 милиони Украинци од тие региони во Русија, а истовремено со автобуси и руски државјани на украинска територија. Исто така, сними лични и биометриски податоци на стотици илјади украински граѓани во таканаречените „филтрациони логори“, отворајќи ја вратата, велат експертите, за манипулација со гласачките ливчиња.

На Украинците од тие четири региони кои живеат во Русија ќе им биде дозволено да гласаат.


Како се гласа?

Русија има мала историја на одржување слободни и фер избори, со вообичаени практики за полнење на гласачки ливчиња, заплашување гласачи, директна измама и манипулација со медиумите.

Блинкен: Советот за безбедност да не дозволи Путин „да се извлече“ со уништување на меѓународниот поредок

Не постои единствена база на податоци што содржи информации за бројот на избирачки места што ќе се отворат во Русија за украинските граѓани, ниту единствени правила за тоа како ќе се спроведе гласањето во земјата, пишува весникот „Комерсант“.

Во многу региони на Русија, гласањето во првите четири дена ќе се одвива дома - формат широко отворен за заплашување и манипулација - додека избирачките места ќе бидат достапни само последниот ден. Неколку региони на Русија нема јавно да ја објават локацијата на избирачките места, тврдејќи дека се загрижени за безбедноста.

Какво е значењето?

Ако Русија ги приклучи сите четири региони кон Русија, тогаш Украина - и потенцијално нејзините западни поддржувачи исто така -, од руска перспектива, би се бореле против самата Русија.

Тоа би го зголемило ризикот од директна воена конфронтација меѓу Русија и воената алијанса на НАТО, сценарио за кое претседателот Џо Бајден рече дека може да доведе до Трета светска војна, бидејќи членките на НАТО снабдуваат оружје и даваат разузнавачки информации за Украина.

Ваквиот избрзан руски потег за формално припојување на уште еден голем дел од украинската територија ќе биде голема ескалација само неколку дена најзначајниот руски пораз на бојното поле во војната во североисточна Украина.

Нуклеарната доктрина на Русија дозволува употреба на такво оружје доколку е нападната со нуклеарно или друго оружје за масовно уништување или ако руската држава се соочи со егзистенцијална закана од конвенционалното оружје. Путин веќе нареди и дополнителни чекори како делумна мобилизација во Русија.

Доколку Украина не се согласи да престане да се бори за својата изгубена територија, тогаш Русија ќе мора да ангажира значителни воени сили за одбрана на новоприпоените региони - кои сè уште не се целосно под руска контрола.

„Путин се обложи на ескалација“, вели Татјана Становаја, основач на фирмата за политички анализи R.Politik, додавајќи: „Сите овие итни референдуми се апсолутно недвосмислен ултиматум од Русија до Украина и Западот“.

Што вели Украина?

Украина оцени дека заканата од референдуми е „наивна уцена“ и знак дека Русија дејствува исплашено. „Вака изгледа стравот од пораз. Непријателот се плаши и примитивно се замаглува“, рече Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во услови на неуспеси во Украина, Путин го подигна нивото на закана. Дали е тоа блеф?

Украина соопшти дека нема да мирува додека секој руски војник не биде исфрлен од нејзината територија. Киев исто така вели дека никогаш нема да прифати руска контрола врз неговата територија и го повика Западот да испорача повеќе и подобро оружје за борба против руските сили.

Што се случи на Крим?

Конфликтот во источна Украина започна во 2014 година, откако прорускиот претседател беше соборен во украинската револуција Мајдан и Русија го анектираше Крим.

Откако руските сили на 27 февруари 2014 година ја презедоа контролата врз Крим, кој има етничко руско мнозинство и беше префрлен во Украина во советско време, на 16 март беше одржан референдум за приклучување кон Русија.

Лидерите на Крим објавија 97% гласови за отцепување од Украина и приклучување кон Русија. Русија официјално го додаде Крим на 21 март, помалку од еден месец по инвазијата. Киев и Западот рекоа дека референдумот ги прекршил уставот на Украина и меѓународното право.

Каква е меѓународната реакција?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги нарече напорите на Русија да анектира повеќе украинска територија „уште една опасна ескалација, како и отфрлање на дипломатијата“. Тој рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина без оглед на гласањето.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека најавените референдуми немаат легитимитет и дека тоа претставува „нова ескалација на војната“ на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

„Тие лажни референдуми немаат легитимитет и не ја менуваат природата на руската агресивна војна против Украина. Меѓународната заедница мора да го осуди ова флагрантно кршење на меѓународното право и да ја зајакне својата поддршка за Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.

Медведев: формално инкорпорирање на украинските региони во Русија

Белата куќа објави дека „Русија набрзина организира лажни референдуми“. Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека САД нема да ги признаат референдумите за припојување на делови од Украина кон Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц организирањето на „фиктивни“ референдуми го оцени како неприфатливо.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG