Достапни линкови

Украина ќе усвои неутрален статус, Русија ќе ги намали нападите околу Киев


Истанбул - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обрати пред почетокот на преговорите меѓу Русија и Украина
Истанбул - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обрати пред почетокот на преговорите меѓу Русија и Украина

Украина ќе усвои неутрален статус во замена за безбедносни гаранции, изјавија украинските преговарачи по средбата со руските преговарачи во Истанбул за завршување на војната. Руската страна состанокот го оцени како конструктивен. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушогли оцени дека на денешните преговори бил постигнат најголем напредок досега.

Украина предложи усвојување неутрален статус во замена за безбедносни гаранции во последната рунда разговори со Русија, што значи дека нема да се приклучи на воените сојузи, како што е НАТО, ниту да биде домаќин на воени бази, рекоа украинските преговарачи по разговорите во Истанбул.

Неутралниот статус на Украина е едно од клучните барања на Русија.

„Предлозите, исто така, ќе вклучуваат 15-годишен период на консултации за статусот на анектираниот Крим и би можеле да стапат на сила само во случај на целосен прекин на огнот“, изјавија преговарачите за новинарите во Истанбул, пренесе Ројтерс.

Меѓу потенцијалните гарантори за Украина може да се најдат Полска, Израел, Турција и Канада.

Украинските преговарачи велат дека во сегашните нивни предлози има доволно материјал со кој би се оправдал состанок меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Од украинска страна велат дека за средбата чекаат одговор од Русија.

За Русија разговорите били конструктивни

Шефот на руската делегација Владимир Медински изјави дека разговорите биле конструктивни.

По завршувањето на преговорите во Истанбул, Медински изјави дека ќе ги разгледаат барањата на Украина и дека за нив ќе го извести претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој додаде дека средбата меѓу претседателите на Русија и Украина ќе биде можна само кога на договорот ќе „стават печат“министрите за надворешни работи на двете земји, пренесува Ројтерс.

Во Истанбул разговори меѓу Москва и Киев
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Рускиот заменик-министер за одбрана Александар Фомин, по разговорите во Истанбул, пред новинарите во Москва, изјави дека Русија „радикално ќе ја намали“ воената активност околу Киев и Чернихив, пренесе руската новинска агенција ТАС.

Се чини дека руските сили заглавија во оваа област бидејќи британското Министерство за одбрана претходно објави дека украинските сили успеале да ги потиснат Русите од бројни фронтови, пренесува Би-Би-Си.

Претходно британските разузнавачи соопштија дека Киев е се уште под сериозна закана од руските напади. Опколениот северен град Чернихив исто така е под руски оган, соопштија украинските власти. Градоначалникот проценува дека од почетокот на војната во градот биле убиени 400 жители.

Разговорите во Истанбул траеја околу четири часа со повремени паузи. Нејасно е дали разговорите ќе продолжат и вториот ден во Истанбул, пишува Ројтерс.

Турција - Најголем напредок досега во преговорите меѓу Украина и Русија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека на денешната средба, прва лице в лице по пауза од повеќе од две недели, е постигнат најзначаен напредок од почетокот на преговорите меѓу двете страни.

Тој рече дека Турција го поздравува постигнувањето компромис меѓу двете земји и заедничкото разбирање на одредени прашања. Турскиот министер повтори дека војната мора да се заврши што е можно поскоро.

Чавушоглу вели дека се очекува украинскиот и рускиот министер за надворешни работи во иднина да разговараат за „тешки прашања“.

Додека траеа преговорите во Турција, во Украина продолжија нападите од руска страна. Утрово била погодена зградата на регионалната влада во пристанишниот град Миколаев. Гувернерот на тој град Виталиј Ким за агенцијата Франс прес рече дека повеќето од луѓето во зградата избегале, но дека се уште се трага по неколку цивили и војници.

Инаку руските напади врз Миколаев, кој е под силен напад со недели се намалија неодамна. Миколаев е пристанишен град во јужна Украина.

Зошто сѐ повеќе луѓе бегаат од Русија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Британските разузнавачки служби денеска соопштија дека и Киев е се уште под закана од руските сили.

Руските сили продолжуваат да претставуваат сериозна закана за Киев преку нивната ударна способност, иако Украинците продолжуваат да изведуваат локализирани контра напади на северозапад од главниот град на Украина, соопшти денеска британското воено разузнавање.

„Руските сили ја задржаа офанзивата на Мариупол со континуирано силно гранатирање на опколениот пристанишен град. Сепак, центарот на градот останува под украинска контрола“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека на други места, руските сили ги задржуваат блокирачките позиции додека се обидуваат да ги реорганизираат и ресетираат своите сили.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG