Фигури со ликот на Зеленски за добротворни цели
Сопственик на компанија за играчки во предградие на Чикаго, се сетил да направи неофицијални „лего“ фигури кои го симболизираат украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел заработените пари да ги донира за помош на Украина. Вели, се продаваат толку многу, што побарувачката е поголема од понудата. Веќе има собрано над 145000 долари.