Достапни линкови

Украина трпи „сериозни загуби“ по руската инвазија


Војниците на украинските воени сили блокираа пат во таканаречениот владин кварт во Киев.
Војниците на украинските воени сили блокираа пат во таканаречениот владин кварт во Киев.

Украина претрпе „сериозни загуби“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски. Негов соработник рече дека во нападите биле убиени најмалку 40 луѓе. Кремљ повтори дека целта на инвазијата врз Украина од руските цели е „демилитаризација и денацификација на Украина“. НАТО ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на Алијансата, изјави генералниот секретар на сојузот, Јенс Столтенберг.

Најмалку 40 луѓе се убиени откако руските сили ја нападнаа Украина, соопшти денеска советник на украинскиот претседател Влодимир Зеленски. Украинскиот претседател во телевизиското обраќање до својата нација рече дека „Украина претрпе сериозни загуби во почетните фази од долго стравуваниот руски напад на почетокот на 24 февруари“.

Зеленски рече дека ги прекинува дипломатските односи со Москва и ги повика Русите „кои не ја изгубиле честа“ да протестираат против постапките на нивната влада.

Тој зборуваше во денешно телевизиско обраќање, веднаш откако руските проектили ги погодија воздушните бази и воената инфраструктура во околу 25 градови.

Нападите се случија откако рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална“ операција за „демилитаризација“ на својот сосед и ривал.

Нападот предизвика гнев и осуди од Западот и од други земји, бидејќи растат стравувањата од голема војна среде Европа.

Нападот започна во раните утрински часови на 24 февруари, при што се слушнаа експлозии и сирени во главниот град Киев и на аеродромот Бориспил, а сведоци пријавија ракетни експлозии во многу други градови, вклучитрлно Харков, Краматорск, Днипро, Мариупол, Одеса, и Запорожје.

Зеленски потоа на Твитер соопшти дека руските сили се обидуваат да ја преземат контролата врз нуклеарната централа Чернобил, каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика другите земји веднаш да воведат строги санкции кон Русија и да и обезбедат на Украина воена и финансиска поддршка.

„Во моментов, Путин ја втурнува Европа во најмрачното време од 1939 година наваму. Секоја влада што се надева дека ова ќе престане е наивна. Не повторувајте ги грешките од минатото“, напиша Кулеба на Твитер.

Украина го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, а европскиот Регулатор за воздухопловство предупреди за опасностите за летање во граничните региони.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја погодила воената инфраструктура во воздушните бази на Украина и ја „потиснала“ нејзината воздушна одбрана, но дека не ги погодила населените области.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека имало „тешки борби“ во правец на Харков и во регионите блиску до областите под контрола на сепаратистите во источна Украина.

Кремљ денеска ја повтори претходната изјава на рускиот претседател Владимир Путин дека целта на инвазијата врз Украина од руските цели е „демилитаризација и денацификација на Украина“.

„Идеално, Украина мора да биде ослободена и исчистена од нацисти, нацистички ориентирани луѓе и идеологии“, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Одговарајќи на новинарско прашање колку длабоко Русија планира да влезе во Украина, Песков рече:

„Не можам да давам никакви информации поврзани со воените, технолошки и други елементи на оваа операција.“

„Условите на операцијата ќе бидат дефинирани од нејзината ефикасност, усогласеност и, се разбира, ќе бидат дефинирани од врховниот командант“, рече Песков.

Руски проектили, воздушни напади и загриженост во Киев
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:33 0:00

НАТО ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на членките

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рускиот напад врз Украина го нарушил мирот во Европа и вети дека Алијансата ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на членките.

„Мораме да одговориме со обновена решителност и уште посилно единство“, рече Столтенберг на прес-конференција по одржувањето на итниот состанок на амбасадорите на НАТО во Брисел.

Тој потврди дека 30 национални лидери на НАТО ќе одржат виртуелен состанок на 25 февруари. Столтенберг ја повтори посветеноста на Алијансата кон Членот 5, кој предвидува дека нападот врз една членка претставува напад врз сите членки. Тој рече дека Алијансата исто така ги активира своите „одбранбени планови“ за сојузничките земји кои не се членки на НАТО, но се усогласени со Западот.

Шефот на НАТО рече дека западната воена Алијанса веќе ги зајакнува своите одбранбени способности и дека има повеќе од 100 воени авиони во висока борбена готовност за да го заштити воздушниот простор на членките.

Белоруската војска не учествува во рускиот напад на Украина, рече денеска авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко, објавија тамошните државни медиуми.

Лукашенко е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, а Москва стационираше илјадници војници во Белорусија и неодамна во земјата учествуваше во воени маневри со околу 30.000 војници.

Путин рано наутро му се јавил на Лукашенко за да го извести дека Москва започнува воена операција врз Украина, соопшти кабинетот на Лукашенко.
„Околу 5 часот денеска имаше телефонски разговор меѓу претседателите на Белорусија и Русија“, соопшти кабинетот на Лукашенко.

Последиците од нападот на Русија во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

Соседите на Украина и русија прогласуваат вонредна состојба

Молдавија, која е сосед на Украина воведува вонредна состојба, соопшти молдавската претседателка Маја Санду. Таа рече дека е подготвена да прифати десетици илјади луѓе кои доаѓаат од соседна Украина по рускиот напад.

Според молдавските медиуми, десетици возила во редици чекаат на границата меѓу Украина и Молдавија.

Вонредна состојба прогласи и литванскиот претседател Гитанас Науседа. Тој рече дека планира да ја испрати војската да ги брани своите граници како одговор на „можните пореметувања и провокации поради големиот број воени сили натрупани во Русија и Белорусија“.

Литванија граничи со Русија и во минатото беше дел од Советскиот сојуз.

УНХР - Не постојат победници во војна

Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации (ОН) Филипо Гранди во денешно соопштение изјави дека најдлабоко се загрижени од ситуацијата и воената акција во Украина што, како што наведува, брзо се влошува.

„Хуманитарните последици врз цивилното население ќе бидат разорувачки. Не постојат победници во војна, а небројани животи ќе бидат уништени. Веќе гледаме известувања за жртви и луѓе кои започнуваат да ги напуштаат своите домови во потрага по безбедност“, вели Гранди.

Според Гранди, УНХЦР работи со властите, ОН и другите партнери во Украина и е подготвен е да обезбеди хуманитарна помош каде и да е потребно и можно.
„Во таа насока, безбедноста и пристапот за хуманитарни УНХЦР исто така работи со владите во соседните држави, барајќи од нив да ги задржат границите отворени за луѓето кои бараат безбедност и заштита“, вели Гранди.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG