Вести
Во Софија заедничка седница на македонската и бугарската влада
Владин тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски престојува во официјална посета на Софија каде што денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Бугарија. Заедничката седница ќе биде во резиденцијата „Бојана“ со воведно обраќање на премиерите Петков и Ковачевски. Предвидено е да бидат потпишани неколку билатерални документи, по што двајцата премиери ќе одржат прес-конференција. Заедничката седница следува по минатонеделната официјална посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје кога беше договорено формирање на работни групи од двете страни кои интензивно треба да работат за надминување на недоразбирањата и интензивирање на соработката меѓу двете земји.
Македонската делегација пречекана во Софија
Северна Македонија и Бугарија во периодот што претстои, а во рамки на новата динамика на соработка, која ја најавија двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков, треба преку состаноците на работните групи да ги приближат позициите во повеќе сфери, да се фокусираат на она што е практично остварливо во моментот, а со тоа да се отвори пат и за пронаоѓање решенија за потешките прашања и конечно надминување на спорот и одблокирање на почетокот на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и Европската Унија.
Тесен маневарски простор и при етапното решавање на спорот со Бугарија
Двете влади формираа четири работни групи. Владата на Северна Македонија ги формира групите за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, додека во соопштението на бугарската Влада е наведено дека се формирани групи за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европската соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото и за културата, науката и образованието и младите.
Османи: Резултати се очекуваат и од С.Македонија и од Бугарија
Според она што го најавија двајцата премиери во претстојниот период и преку состаноците на овие работни групи историјата ќе биде ставена во втор план, фокусот ќе биде на градење на добрите односи меѓу граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, зајакнување на соработката во повеќе сектори, како и на добрососедство мерливо според постигнати цели и резултати.
види ги сите денешни вести
Македонската репрезентација одигра нерешено против Унгарија на Светското ракометно првенство
Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено 27-27 против Унгарија на Светското ракоментно првенство.
Македонските репрезентативци на триесетина секунди пред крајот на натпреварот имаа гол предност, но успеаја да победат. За играч на натпреварот беше прогласен Филип Кузмановски со 10 голови.
Натпреварот започна со предност за Унгарија, која водеше со 5-2 во седмата минута, но македонските репрезентативци направија серија од 5-0 и создадоа водство со 5-7 во 13-тата минута. Со головите на капитенот Кузмановски, македонските ракометари поведоа со 6-10.
Но, и покрај добрата игра, тие пропуштија неколку можности, меѓу кои два неуспешни удари од седум метри, а Унгарија успеа да израмни на 14-14 пред крајот на првото полувреме, откако беше поништен голот на Серафимов со звукот на сирената.
Голманот Никола Митревски бранеше одлично со 12 одбрани, мотивирајќи ги соиграчите во арената Вараждин, во Хрватска.
Резултатот на крајот од мечот резултатот е 27-27, со што остава простор за оптимизам за македонските ракометари во продолжението на првенството, кои се во Групата Д со Холандија и Гвинеја, кои претходно го одиграа првиот меч, а Холандија победи со резултат 40-23.
Бајден: Договорот меѓу Израел и Хамас ќе ги запре борбите и ќе ги врати заложниците
Американскиот претседател Џо Бајден на 15 јануари изјави дека по повеќемесечна интензивна дипломатија од страна на Соединетите држави, заедно со Египет и Катар, Израел и Хамас - коj САД и ЕУ гo сметаат за терористичка организација - постигнале договор за прекин на огнот и за враќање на заложниците.
„Овој договор ќе ги запре борбите во Газа, ќе ја зголеми многу потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и ќе ги обедини заложниците со нивните семејства по повеќе од 15 месеци во заробеништво“, рече Бајден во изјавата.
Бајден додава дека „прецизните контури на овој план“ ги изложил на 31 мај 2024 година, по што планот едногласно бил одобрен од Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН).
Договорот ветува етапно ослободување на десетици заложници кои ги држеше Хамас, ослободување на стотици палестински затвореници во Израел и им овозможува на стотици илјади луѓе кои избегаа од Газа да се вратат во своите домови.
Информацијата ја објави и катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани. Тој објавувајќи го договорот во катарската престолнина Доха, каде што се водеа неколкунеделните напорни преговори, рече дека договорот ќе стапи на сила во недела.
Изјавите дојдоа, иако Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно на 15 јануари негираше дека Хамас се согласил со предлогот за прекин на огнот со посредство на Катар во Појасот Газа, откако израелски официјален претставник изјави дека палестинската милитантна група го дала своето одобрение.
Израелските медиуми објавија дека откако Хамас дал зелено светло, договорот треба официјално да биде објавен во четврток и да стапи на сила во недела, кога треба да започне ослободувањето на првите заложници.
Сепак, од кабинетот на премиерот изјавија дека Хамас не доставил одговор на предлогот.
Катар, Египет и Соединетите Американски Држави, по една година обиди да посредуваат во преговорите за ставање крај на војната, ги засилија напорите да го олеснат ослободувањето на заложниците држени во Појасот Газа од Хамас, кој САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација. .
Американскиот државен секретар Антони Блинкен во вторникот го претстави планот за повоено управување со Појасот Газа, најавувајќи дека владата на претседателот во заминување Џо Бајден ќе му ги предаде тие упатства на новоизбраниот претседател Доналд Трамп доколку се постигне прекин на огнот.
Блинкен рече дека Белата куќа сака Газа да биде управувана од реформирана палестинска управа и ги повика меѓународните партнери да помогнат во формирањето на привремена влада на палестинската територија, пренесува Ројтерс.
Планот на американската администрација во заминување предвидува формирање на безбедносни сили составени од членови на партнерските земји и проверен палестински персонал, рече Блинкен.
Министерството за здравство на владата на Хамас во Појасот Газа во средата извести дека најмалку 62 лица се убиени во изминатите 24 часа на палестинската територија, каде Израел и Хамас водат војна повеќе од 15 месеци.
Со ова вкупниот број на загинати од почетокот на војната достигна 46.707, се додава во соопштението.
Од почетокот на војната меѓу палестинскиот Хамас и Израел на 7 октомври 2023 година, ранети се 110.265 луѓе, се вели во соопштението.
Војната започна со упад на милитантите предводени од Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кога, според израелските податоци, тие убија околу 1.200 луѓе и киднапираа уште 250. Околу половина од тие заложници беа ослободени за време на краткиот прекин на огнот во ноември 2023 година.
Деаноски: Протестите на УПОЗ се борба за права, не за политика
Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура.
„Секој обид на Владата или политичките партии да докажат дека зад протестите стои политика ќе биде залуден“, порача Деаноски, додавајќи дека протестите се исклучиво во интерес на работниците.
Тој упати апел до опозицијата да не ги користи протестите за политички цели, посочувајќи дека токму таа имала седум години да го реши проблемот, но наместо тоа, донела мерки што го ограничиле колективното договарање и дури поништила колективен договор.
Деаноски потсети дека Синдикатот на УПОЗ е активен во борбата за правата на работниците, организирајќи три штрајка и најмалку 20 протести од 2022 до 2024 година. Тој го истакна протестот од декември 2023 година, на кој повеќе од 5.000 вработени од управата и правосудството бараа достоинствени плати.
Деаноски рече дека протестите ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот. За во петок од 11 до 12 часот, тој најави протест пред Министерството за финансии.
Портпаролката на Владата, Марија Митева на вчерашната прес-конференција посочи дека не биле исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ.
Таа додаде дека постојат сомнежи дека истиот е политички мотивиран. Според Митева, Владата е партнер на сите и е отворена за сите предлози и сугестии.
Во меѓувреме Владта соопшти дека „доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор за изнаоѓање решенија“.
„Во спротивно, останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која одработува за нечии партиски интереси и за собирање ситни политички поени на грбот на граѓаните, соопшти Владата.
Владата потсетува дека е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог. Како што нагласува, протестите не се најдобриот начин на комуникација, а секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира за да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните.
„Протестите се малициозни и политички мотивирани. Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека сме подготвени да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите“, велат од Владата.
Туск - Русија планира терористичка кампања кон летовите во Европа
Полскиот премиер Доналд Туск денеска ја обвини Русија дека планира голема терористичка кампања насочена кон авиони и летови во Европа и светот.
Туск на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија планира активности кои ги надминуваат границите на Европа.
„Можам да потврдам дека Русија планира терористички активности, не само против Полска, туку и против авиопревозниците ширум светот“, рече Туск без да наведе детали за природата на заканите.
Американскиот Њујорк Тајмс неодамна објави дека американските разузнавачки служби ја предупредиле Белата куќа за рускиот план за шверц на експлозивни направи во товарни авиони кои летаат за САД.
Според овие извештаи, Белата куќа испратила силно предупредување до Кремљ, барајќи прекин на операцијата.
Русија, според извори, се подготвувала за диверзантски операции против САД со поставување експлозивни направи во товарните пратки и нивно испраќање со авион.
Ова не е првпат Русија да биде обвинета за саботажа на транспортната инфраструктура.
Неколку европски земји претходно ја обвинија Москва за блокирање на ГПС сигналите и обиди за напад на клучните транспортни системи во рамки на хибридната војна.
Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка во април 2024 година изјави дека од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, Русија извршила илјадници обиди за сајбер напади врз европските железнички мрежи.
Неодамнешниот инцидент во Казахстан, каде што се урна азербејџански патнички авион, при што загинаа 38 лица, исто така се поврзува со руска вмешаност.
Случајот ги оживеа сеќавањата на трагедијата на летот МХ17 на Малезија ерлајнс, соборен во 2014 година над источна Украина во област контролирана од проруските сепаратисти, при што загинаа 298 луѓе.
Кремљ ги нарече сите обвинувања неосновани, а портпаролот Дмитриј Песков рече дека тоа се политички мотивирани изјави.
Иако рускиот претседател Владимир Путин се извини без да преземе одговорност за соборувањето на азербејџанскиот авион, Русија никогаш не презеде одговорност за катастрофата МХ17.
За Украина во Европската унија и НАТО
Зеленски и Туск едногласно оценија дека нема подобра гаранција за безбедноста на Украина од членството во НАТО и изразија надеж дека САД ќе продолжат да бидат гарант за стабилноста на Украина, кој и да е нејзиниот претседател.
„Колку побрзо Украина стане членка на Европската унија и НАТО, толку побрзо Европа ќе ја добие важноста што ѝ е толку потребна. Русија не влегува таму каде што владее разбирањето, соработката и почитувањето“, им рече Зеленски на новинарите во Варшава.
Премиерот Туск, чија земја претседава со Европската унија во првата половина од оваа година, вети дека ќе се обиде да го елиминира бирократскиот ќорсокак во преговорите со Украина за време на неговото претседателствување.
„Убеден сум, и тоа е една од моите задачи, дека ова претставува помош и одбрана на целата ЕУ од бруталната агресија на Русија. Независна Украина, суверена, која одлучува за својата судбина, не е само очигледна историска правда, туку тоа е услов за безбедноста на Полска и на цела Европа и околу тоа нема дискусија“, рече Туск.
И Туск и Зеленски изразија надеж дека новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп нема да ја остави Украина на цедило.
„Целиот свет го чека новиот американски претседател. САД се гарант за стабилноста, тие се најмоќни во борбата против руската агресија. Сметаме на активна соработка во духот на мирот благодарение на силата, очекуваме дека ќе останат санкциите против Русија заради нејзината инвазија“, рече Зеленски, додавајќи дека една од гаранциите доколку започнат мировни преговори може да биде воен контингент на стратешките партнери на Украина на нејзина територија.
Калас - Европа да го зголеми притисокот врз Москва да се стави крај на војната
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, рече дека Киев и неговите партнери треба да продолжат да вршат притисок врз Русија за подобрување на позицијата на Украина во евентуалните преговори за ставање крај на војната.
Калас, говорејќи на 14 јануари во интервју за РСЕ и неколку европски весници, рече дека зголемениот економски притисок врз Москва и нејзината меѓународна изолација се единствените начини да се спречи Русија да добие предност.
„Не треба да ги потценуваме нашите сопствени способности и да ги преценуваме Русите“, рече Калас:
„Русија понекогаш изгледа како мистериозна сила која не може да се победи. Ова не е точно. Посилни сме, и во однос на воените, и во однос на економските можности. Треба да им пристапиме на работите од позиција на сила“.
Знаците на оптоварување на руската економија вклучуваат: клучни каматни стапки над 20 отсто, во Гаспром намалување на 40 отсто од својот менаџмент, пазар на труд во „многу лоша состојба“ и регрутирање севернокорејски војници да се борат на страната на Москва, рече таа.
„Сето ова покажува дека тие не се во добра позиција“, додаде таа.
Русија е убедена дека времето е на нејзина страна, но Калас рече дека верува дека тоа е погрешно и дека западните сојузници на Киев треба дополнително да го зголемат економскиот притисок.
„Гледаме дека нивните готовински резерви се целосно исцрпени. Тие имаат многу помал приход од продажбата на нафта и гас отколку порано“, рече таа.
Европската унија ќе разговара за санкциите додека тие се обидуваат да одлучат за 16-тиот пакет што ќе се совпадне со годишнината од војната на 24 февруари, изјави претставник на ЕУ за РСЕ. Тоа ќе биде суштински пакет и покрај тешкотијата да се најдат нови области за санкции, рече претставникот.
Затоа се очекува фокусот на пакетот да бидат технички и мерки против затајување. Покрај тоа, дискусиите ќе ги разгледаат увозните ограничувања на примарниот алуминиум, тарифите за земјоделските производи, вклучително и хемикалиите што се користат во вештачките ѓубрива и повеќе мерки за ограничување на таканаречената руска флота на танкери во сенка, според официјалниот претставник.
Калас изрази уверување дека Европската унија ќе може да одржи единство во својата политика за испраќање оружје и друга помош за Украина и покрај отпорот на неколку европски влади кои се симпатизери на Русија.
Муцунски - ЕУ да донесе стратешка одлука како ќе постапува со Северна Македонија
За жал оваа 2025 година одбележуваме еден многу неславен јубилеј - 20 години од стекнување на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, изјави министерот за надворени работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој денеска беше на работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во земјава, и со евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас.
„Точно две децении во кои донесовме серија на крупни одлуки во која направивме болни компромиси во името на остварување на генерацискиот стремеж за членство во ЕУ. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Подготвени сме за дијалог во добра волја, и изнаоѓање на рационални решенија“, рече тој:
„Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко“, наведе Муцунски додавајќи дека очекува конечен почеток на пристапните преговори и отворање на поглавјата оваа година.
Евроамбасадорот Михалис Рокас кажа дека со оптимизам гледа на претстојната година поради досега вложените многу напори, година која вели почна и со сечење на ленти за два многу важни проекти од Коридорот 8 и Коридорот 10. Тој зборување и за значењето на усвоената реформска агенда.
„Кога вложуваме напори во испорачување резултати докажуваме дека се е возможно. Се надевам дека оваа година нема да се однесува само на сечење ленти, туку и на напредок во процесот на пристапување. Имаме одлична платформа со која можеме да работиме, реформската агенда е одличен документ, но исто така содржи и важни квадратчиња кои треба да се штиклираат во годината 2025-та“, рече Рокас.
Северна Македонија од 2005 година е земја кандидат за членство во ЕУ, н о во моментов Бугарија како членка на ЕУ мора да даде зелено светло за отворање на преговорите.
Скопје и Софија во 2017 година потпишаа Договор за добрососедство откако, но Бугарија во 2019 година стави вето Северна Македонија да добие датум за почеток преговорите за членство во ЕУ првично поради историски, јазичен и идентитетски спор. Сега Бугарија бара Северна Македонија да ги стави Бугарите во Уставот за да се одблокира процесот.
Бугарското вето дојде откако претходно почетокот на преговорите со години блокираше Грција поради спорот за името, кој беше решен со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година и со промената на уставното име Република Македонија во Република Северна Македонија.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) потенцираше дека Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ.
„Се надеваме дека земјата ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така и со поддршка на Бугарија, ќе можеме да продолжиме на тој пат“, рече Кос, одговарајќи на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
СЗО: Осум починати во Танзанија сомнителни на вирусот Марбург
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека за девет лица се сомневаат дека се заразени со смртоносниот вирус Марбург во северозападна Танзанија, од кои осум починале, неколку недели откако беше прогласена епидемија на болеста во соседна Руанда.
Вирусната хеморагична треска има стапка на смртност до 88 проценти и припаѓа на истата фамилија на вируси како и оној за еболата, која се пренесува на луѓето од ендемски вид лилјаци во тој дел на источна Африка, пишува Ројтерс.
СЗО објави дека добила веродостоен извештај за сомнителни случаи на вирусот Марбург во провинцијата Кагери во Танзанија на 10 јануари, со симптоми на главоболка, треска, болки во грбот, дијареа, повраќање крв, мускулна слабост и надворешно крварење.
Примероци од двајца пациенти чекаат тестирање во националната лабораторија на Танзанија за да се потврди избувнувањето на болеста, соопшти во вторникот СЗО.
Лицата кои биле во контакт со пациентите, вклучително и медицинските работници, се идентификувани и исто така се под надзор, додаде СЗО.
Во избувнувањето на болеста во Руанда, која ја дели границата со провинцијата Кагера, заразени се 66 луѓе, а 15 починаа пред да се прогласи епидемијата за завршена на 20 декември, потсетува Ројтерс.
Марбург вирусот може да се пренесе меѓу луѓето преку директен контакт или преку крв и други телесни течности на заразените лица, како и преку контаминирана постелнина или облека.
Избувнувањето во провинцијата Кагери во март 2023 година доведе до смрт на шест лица и траеше речиси два месеци.
Ново одложување на повтореното судење за модуларната болница
По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница. За повторување на судењето одлука донесе Апелацискиот суд Гостивар во април 2024 година, откако претходно првичната пресуда беше донесена на 5 јуни 2023 година.
Во пожарот во модуларната болница во Тетово 14 луѓе ги загубија животите во пожарот на 8 септември 2021 година. Тие се лекуваа од ковид во рамки на Клиничката болница тетово.
Во повтореното судење последен пат рочиштетот се доложи на 5 ноември 2024 година. Денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски кој бил на боледување, а судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.
Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.
Апелацискиот суд во април 2024 година донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект.
За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.
На 5 јуни 2023 година Основениот суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.
Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.
Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор дека нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години нема да сторат ново кривично дело.
Правното лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.
Руските сили се обиделе да го спречат одведувањето на севернокорејскиот војник од Курск
Руските сили се обидоа да ги спречат украинските војници кои заробија севернокорејски војник во Курск на почетокот на овој месец, да го одведат од бојното поле, изјави за РСЕ украински војник вклучен во мисијата.
Украинскиот војник рече дека руските сили започнале со артилериски оган врз припадниците на 8-миот полк на украинските сили за специјални операции, спречувајќи ги да ја напуштат шумата со заробениот војник.
„Веројатно погодија дека сакаме да им го земеме борецот и започна масовното артилериско гранатирање“, рече војникот, кој се идентификуваше само со неговото повикувачко име „Грчки“.
„И тие пукаа многу блиску и многу прецизно, не сакаа да го изнесеме од таму до последен момент“.
Руските сили, исто така, се обидоа да користат беспилотно летало FPV (приказ на прво лице).
„Ниту тоа не не погоди, но тоа е добро за нас“, рече Грк.
Украинските специјални сили наишле на војникот откако виделе можност да напредуваат во областа што ја набљудувале. Војниците кои се повлекувале заминале без Севернокорејецот кој имал повредена нога.
„Ги изненадивме. Тие сè уште немаа време да се ориентираат, бидејќи ги оттурнавме од таа точка и едноставно го зедовме заробеникот“, изјави за РСЕ вториот украински војник вклучен во апсењето, идентификуван само со неговото име, Баџер.
Двајцата украински војници рекоа дека севернокорејскиот војник можеби не сфатил што се случува. Тие рекоа дека се приближиле многу брзо и дека тешко се гледаат во нивната камуфлажа.
Други војници го држеа под закана за да го спречат да им наштети на некој од присутните украински војници. Тој, исто така, беше вознемирен поради какви било какви помислувања дека можеби морал да изврши самоубиство.
На затвореникот му била дадена анестетичка инекција за раната и бил предаден на медицинските лица. Според украинската војска, тој сакал храна и вода.
Двата претходни обиди за фаќање севернокорејски војници беа неуспешни, соопшти војската. Првиот беше тешко ранет и умре набрзо откако беше заробен; вториот се самоубил.
Успешно заробениот севернокорејски војник е еден од двајцата за кои Украина објави дека нејзините сили ги заробиле во рускиот регион Курск овој месец.
Јужнокорејската разузнавачка агенција го потврди нивното апсење, но тоа не е потврдено ниту од Москва ниту од Пјонгјанг. Агенцијата цитираше еден од заробените севернокорејски војници велејќи дека „има значителни загуби меѓу севернокорејските војници во Русија“.
Исто така, се вели дека еден од затворениците бил без храна и вода четири до пет дена пред да биде фатен.
Украинското воено разузнавање (ХУР) на 13 јануари соопшти дека двајцата војници ќе бидат сослушани.
Руски воздушни напади врз инфраструктурата во западна Украина
Русија на 15 јануари ги нападна клучните инфраструктурни објекти во западна Украина, соопштија властите, во најновиот воздушен напад врз ослабената енергетска мрежа на земјата како што се приближува средината на зимата.
Гувернерот на западноукраинската област Лавов изјави дека во нападот биле оштетени два објекти, во окрузите Дрохобич и Стриј.
Во соседниот Ивано-Франковск, гувернерот рече дека локалната противвоздушна одбрана ги одбива руските напади врз објектите таму.
Двајцата рекоа дека нема повредени, но не наведоа други детали.
Претходно во средата, украинскиот национален мрежен оператор воведе вонредни прекини на струја во шест региони поради предупредувањата од воздухопловните сили на Киев за проектили лансирани од Русија за време на тревога за воздушен напад низ целата земја.
Исто така, украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко, на социјалните мрежи рече дека „превентивни мерки“ исто така се во сила, вклучувајќи го и дистрибутивниот систем.
Русија редовно изведува воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина додека нејзините копнени сили напредуваат на бојното поле.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете