Достапни линкови

Децата и мајките меѓу Европа и Исламска држава


Илустрација - Деца на борци на Исламска држава во Сирија
Илустрација - Деца на борци на Исламска држава во Сирија

Што да се прави со семејствата на странските џихадисти кои имаат државјанство на некоја европска земја, а биле заробени или убиени во Сирија и во Ирак како борци на Исламска држава? Повторените повици за западните земји да ги вратат своите државјани во голема мера наидоа на „глуви уши“

Падот на Исламска држава (ИД) во 2019 година создаде проблем - што да се прави со семејствата на странските џихадисти заробени или убиени во Сирија и во Ирак. Повторените повици за западните земји да ги вратат своите државјани во голема мера наидоа на „глуви уши“. Во еден од последните случаи, Судот во Стразбур одлучуваше откако официјален Париз одби „да донесе дома роднини“ на борци на ИД од логорот Ал Хол во североисточна Сирија, објави АП.

Курдите во Сирија држат речиси 43.000 странци кои се поврзани со џихадистичката група. Мажите се во затвори, додека жените и околу 27.500 деца се чуваат во неформални кампови за раселување, објави Хјуман рајтс воч уште во првата половина на годинава.

Новинската агенција Асошиејтед прес (АП) направи преглед на тоа како различни земји се справуваат со ова прашање.

Франција: „Случај по случај“

Франција, која до сега враќати околу 35 деца, беше критикувана за нејзиниот удел во „големото парче“. Таа одби „да врати дома“ возрасни лица, велејќи дека ним мора да им се суди во локалните судови. Последната репатријација беше во јануари кога седум деца на возраст меѓу две и 11 години, кои се сметаа за особено ранливи, беа вратени дома.

Курдските кампови во североисточна Сирија се уште држат околу 200 деца и 80 Французинки.

Белгија - Лидер во ЕУ

Од 2012 година наваму, повеќе од 400 Белгијци се упатија кон Сирија за да се борат во редовите на ИД. Во март, премиерот Александар де Кро рече дека Белгија мора да стори сé што може за да обезбеди безбедно враќање на децата на белгиските џихадисти на возраст под 12 години.

Во јули, Белгија донесе дома 10 деца и шест мајки. Од 2017 година, 18 возрасни и 43 малолетници се вратени во земјата, според белгиски извор за безбедност. Белгиската влада соопшти дека околу 15 жени и 35 деца под 12 години остануваат во кампови во североисточна Сирија.

Русија - Деца за репатријација

Речиси 4.500 руски државјани отидоа да се борат во редовите на ИД, а Москва беше првата што организираше враќање од Сирија и Ирак. Во 2017 година Москва одлучи да продолжи со систематско враќање на децата на џихадистите. Најмалку 341 од нив, вклучително и многу сирачиња, се вратени од 2018 година по првото враќање на жени и деца предводени од чеченскиот претседател Рамазан Кадиров.

Во јули, Москва соопшти дека подготвува враќање на уште 106 деца од североисточна Сирија. Во Централна Азија - Узбекистан, Казахстан, Таџикистан и Киргистан, исто така, ги враќаат дома своите граѓани, главно деца.

Како е на Балканот?

Приштина вели дека околу 400 Косовци им се придружиле на џихадистичките групи во Сирија и Ирак, а околу 240 од нив се вратиле, вклучително и голем број жени и деца.

Босна кон крајот на 2019 година врати седум мажи, шест жени и 12 деца од Сирија, оставајќи 29 жени и околу 70 деца се уште се во тамошните кампови.

Во јули, Северна Македонија објави враќање на четворица мажи, пет жени и 14 деца, со што бројот на луѓе што ги вратил назад го зголеми на 100. Шеснаесет поранешни борци се во затвор во Северна Македонија, осудени за учество во борби во странство.

Албанија, исто така, се обврза да ги врати 30-те жени и деца кои се уште уште се во кампови во Ирак и Сирија.

Холандија - Срамежлива репатријација

Како и повеќето европски земји, Холандија е воздржана да ги врати дома своите граѓани. Таа во нивната татковина врати само две сирачиња во 2019 година, пред во јуни да прифати враќање на една Холанѓанка и три деца.

Околу 75 холандски деца, како и 30 жени и 15 мажи со холанѓанско државјанство живеат во сириски кампови.

Нордиските земји - Прво воздржани, после дозволија враќање

Данска во мај враќаше 19 деца и три од нивните мајки, оставајќи околу 40 деца се уште заглавени без планови да ги вратат.

Шведска, од која околу 300 граѓани им се придружија на џихадистите, долго време беше воздржана да ги врати своите жени и деца. Во септември го одобри враќањето на три жени и нивните шест деца.

Финска од 2019 година донесе дома најмалку 20 деца и шест мајки.

XS
SM
MD
LG