Владите треба да ги обезбедат здравјето и безбедноста на сите работници во основните активности и да ги одржуваат трошоците за интеграција за да им помогнат на мигрантите да продолжат да придонесуваат за општеството и економијата, се вели во новиот извештај на Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Во него се наведува дека кризата со ковид-19 имала невидени последици врз миграциските текови.
Пред пандемијата, постојаните миграциски текови кон земјите на ОЕЦД лани изнесуваа 5,3 милиони, со слични бројки и за пред минатата година.
Иако имаше помалку прием на бегалци, постојаната миграција на трудот лани се зголеми за повеќе од 13%, а исто така се зголеми и привремената миграција на трудот, со повеќе од 5 милиони во земјите на оваа организација.
По почетокот на пандемијата, скоро сите земји на ОЕЦД ограничија прием во странци.
Како резултат на тоа, издавањето на нови визи и дозволи во земјите на ОЕЦД падна за 46% во првата половина на оваа година, во споредба со истиот период лани. Ова е најголемиот пад забележан досега.
Во вториот квартал падот беше 72%. Генерално, 2020 година се очекува да претставува историски минимум за меѓународната миграција.
Приведени криумчари на мигранти
Постојат силни знаци дека мобилноста нема да се врати на претходните нивоа наскоро.
Ова се должи на послабата побарувачка на работна сила, постојаните сериозни ограничувања на патувањето, како и широко распространетата употреба на таканаречена работа од далеку кај високо квалификуваните работници и учењето од далеку.
Работниците мигранти се на линијата на фронтот на кризата.
Тие сочинуваат голем дел од медицинската работна сила на ОЕЦД, односно секој четврти лекар и една од шест медицински сестри.
Во многу земји, повеќе од една третина од работната сила во другите клучни сектори, како што се транспорт, чистење, производство на храна и ИТ услуги, се имигранти.
Сепак, имигрантите се соочуваат со тешко време на пазарот на трудот.
Голем дел од напредокот во изминатата деценија во стапките на вработеност кај имигрантите е збришан од пандемијата.
Во сите земји за кои се достапни податоци, невработеноста на имигрантите се зголеми повеќе, во споредба со оние што се старо жители во тие земји.
Грчки агенти откриле невладини организации кои шверцувале мигранти од Турција
Најголемо зголемување е забележано во Канада, Норвешка, Шпанија, Шведска и САД.
Во Шведска, скоро 60% од првичното зголемување на невработеноста падна на имигрантите.
Во САД, невработеноста на имигрантите беше помала за скоро еден процентен поен пред пандемијата, сега е поголема за 2 процентни поени.
Мигрантите се високо изложени на здравствените влијанија на пандемијата како резултат на работата на првите линии за време на пандемијата, но исто така и ранливоста поврзана, на пример, со условите за домување и сиромаштијата.
Студиите во голем број земји на ОЕЦД откриле ризик од инфекции, кој е најмалку двојно поголем од оној кај домашните жители.