Филип Рикер во телефонскиот брифинг изјави дека Западен Балкан и Југоисточна Европа се повеќе се гледаат како „кохерентно стратешко место каде што граѓаните покажале западна и европска ориентација“ и изрази уверување дека државите и народите во регионот „сами ги прават своите избори и цели“.
Тој додаде дека 75 години по завршувањето на Втората светска војна, светот се соочува со различен вид непријател - вирус и оти трансатлантската соработка воспоставена со децении им помогна на западните сојузници заедно да одговорат на предизвиците на пандемијата.
„Важно е да се потенцира дека и покрај пандемијата, ние продолжуваме да ги унапредуваме трансатлантските односи и да ја продолжуваме нашата агенда“, рече Рикер, повикувајќи се на неодамнешниот прием на Северна Македонија во НАТО и позитивниот став на Европската унија за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тиранa.
Сајбер напади врз членки на ЕУ во време на пандемијата
„Гледајќи поголема слика, историјата што ја создадовме продолжува и внимателно ќе го координираме економскиот одговор на кризата и заживувањето на нашите економии“, посочи Рикер.
Тој особено истакна дека го користел зборот „историја“, затоа што имало обид да се „ревидира историјата и историските наративи, особено од рускиот претседател Владимир Путин“.
„Кога гледаме што се случува со коронавирусот, забележуваме дека недостатокот на транспарентност остава простор за дезинформации и ревизија на наративите“, додаде Рикер.
Лажните вести за коронавирусот
Леа Габриеле, специјален координатор на Глобалниот центар за ангажирање кој во САД ја проучува странската пропаганда, вели дека за време на глобалната здравствена криза, постои сериозна закана од дезинформации и пропагандни кампањи водени од странски актери кои носат страв и забуна кај граѓаните.
Цитирајќи примери за руската мрежа за дезинформации, потпомогната од Кремљ, Габриеле рече дека од избувнувањето на пандемијата се поставени лажни наративи оти коронавирусот е биолошко оружје на Соединетите држави и оти пандемијата е дел од заговор на западните влади.
Нагласена е и улогата на Русија и Кина како глобални лидери во реакцијата на пандемијата, додека ЕУ, НАТО и САД се претставени како „немоќни или незаинтересирани“ да одговорат на кризата.
Столтенберг: Кина и Русија шират дезинформации за НАТО
„Постои голема веројатност дека рускиот систем за дезинформирање ќе работи на поткопување на довербата и во ефективноста на вакцината против ковид-19 кога ќе стане достапна. Ова го видовме во минатото и веројатно ќе биде тактика за ширење на лажни информации и засилување на локалните гласови што ги поддржуваат теориите на заговор “, рече Габриеле.
Таа притоа потсети на примери на теории на заговор за вирусот Зика, еболата, како и за мрежата 5G и истакна дека некои од тие теории биле поставени од провладините медиуми во Русија, но и од највисоките државни функционери.
Кинески теории на заговор
Што се однесува до пропагандната кампања предводена од Кина, Габриеле објасни дека и претходно имало документирана употреба на ботови, тролови и други „тактики во руски стил на дезинформација на странската јавност“ од страна на кинеската владејачка Комунистичка партија.
„Но, за време на кризата со ковид-19 Комунистичката партија е подготвена да се обиде да го контролира глобалниот наратив“, рече Габриеле.
Таа потсети дека Комунистичката партија во Кина со децении ги контролира информациите во земјата и ги цензурира и замолчува информациите што доаѓаат до кинеската јавност од странство.
Во моментов, според неа, тоа се совпаѓа со напорите на владата за поттикнување на пропаганда и ширење на дезинформации преку глобалните платформи и социјалните мрежи.
„Сега ги гледаме напорите на Пекинг за пласирање на спротивставени теории за коронавирусот, кои имаат за цел да шират сомнеж, да ја отфрлат можната вина на владата, но и да создадат идеја дека можеби не е можно да се дознае вистината“, рече Габриеле.
Вучиќ: Сакаме во ЕУ, ама нема да зборувам потив Русија и Кина
Според неа, целта на Комунистичката партија е да ја претстави Кина како „модел за други земји“ за време на пандемијата, испуштајќи ги фактите за недостаток на информации во Кина за потеклото и ширењето на вирусот.
И бројни меѓународни институции укажуваат на влијанието на Кина и Русија во регионот, а во извештајот на Фридом Хаус објавен на 6 април се наведува дека Кина покажува слични афинитети кон земјите во транзиција како Русија.
„Земјите во транзиција веќе долго време се под влијание на агресивната надворешна политика на Русија, која има за цел да ја дестабилизира трансатлантската алијанса и да се воспостави повторно она што го смета за„ сфера на влијание. Сепак, во последниве години, кинескиот претседател Си Џинпинг не беше помалку активен во промовирањето на своите цели на надворешната политика. Иако меѓународниот ангажман во Кина е често помалку директно спротивставен од Русија, тој сепак има подмолно влијание врз развојот и функционирањето на демократските институции во регионот што се протегаат од Централна Европа до Централна Азија“, оценува Фридом Хаус.
Ставот на САД за СЗО
Осврнувајќи се врз одлуката на САД да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација Филип Рикер рече дека средствата се суспендирани додека за работата на СЗО се извршувала на ревизија, бидејќи САД мора да бидат сигурни „дека и сите други пари ќе да се користи правилно“ и за време на пандемијата ковид-19 и во иднина.
„Вреди да се потсетиме на луѓето дека самото раководство на СЗО призна дека има простор за подобрување, мислам дека тоа беше термин што го користеа, и тие отворено дискутираа во контекст на поширока реформа на СЗО, потребата државите членки да бидат одговорни пред СЗО. Значи, ние секако се согласуваме со тоа. И тоа е за што се работи на нашата ревизија “, рече Рикер.
Конгресот бара објаснување зошто САД веќе не ја финансираат СЗО
Тој додаде дека Соединетите држави се во контакт со партнерите во ЕУ.
„Сè уште немаме целосен пристап до информации и транспарентност на Комунистичката партија во Кина. Мислам дека САД и ЕУ ќе продолжат да бидат најблиските партнери. Треба да го користиме секој канал за поврзување на сите нивоа за да се справиме со овој предизвик. Во изминатите 75 години, работевме напорно за да изградиме институции и да создадеме можности и лидерство што ги имаме “, истакна Рикер.
Тој рече и дека Соединетите држави ќе продолжат да даваат најголем придонес во глобалната здравствена безбедност и дека се издвоени 140 милијарди долари за зајакнување на глобалниот здравствен систем во последните две децении.
„Американците не даваат помош само преку државни фондови, туку и преку бројни хуманитарни организации“, рече Рикер, додавајќи дека Соединетите држави, заедно со европските партнери, инвестираат значителни средства за развој на вакцината против ковид-19.