Достапни линкови

Што се треба да знаете за ковид-19?


илустрација
илустрација

Новиот коронавирус кој ја предизвикува болеста ковид-19 не принуди да користиме и да сретнуваме нови термини. Појаснуваме некои нови поими со потсетување на оние што веќе неколку месеци го привлекуваат нашето внимание.

Веќе знаете, а веројатно сте искусиле што е тоа физичко дистацирање, карантин, или тестирање за оваа заразна болест. Секако и дека секојдневно читате или разговарате за нив. Дел од објаснувањата за овие термини, како коронавирус, ковид-19, вакцина, заштитни маски веќе ви презентиравме. Еве дел од поновите.

Втор бран

Терминот се однесува на можноста со оглед на тоа што земјите ги олабавуваат мерките за збрана на движењето, а враќањето на луѓето во канцеларии, училиштата и другите јавни места може да предизвика нов пораст на инфекции на ковид-19.

Прерано е за укинување на ограничувањата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

Експертите предупредуваат дека само откривањето на вакцината ќе овозможи целосно безбедно отстранување на ограничувањата што го става половина од човештвото под некаква форма на забрани.

Ни во Шведска не е се така слободно

Но, владите сè повеќе ги олабавуваат најстрогите мерки како резултат на катастрофалното влијание што го имаат врз глобалната економија.

PCR тестови

Тестовите за PCR ( или реакција на синџир на полимераза) се најточен начин да се утврди дали некој е заразен со коронавирусот, дури и ако лицето не покажува симптоми.

Тестот вклучува употреба на брисеви од грлото по што се прави лабораториска анализа на примерокот за да се утврди присуство на уникатен генетски код на вирусот.

Здравствените работници – први за тестирање, но и за напад

Луѓето кои се тестирани позитивно потоа можат да бидат ставени во карантин за да спречат ширење на вирусот на други.

Тестови за антитела

Тестовите за антитела, познати и како серолошки тестови, вклучуваат правење лабораториска анализа на крвен примерок на лицето за да се утврди дали има антитела во имунолошкиот систем кој се бори против ковид-19.

Бидејќи антителата се развиваат како одговор на инфекција, присуството на антитела специфични за ковид-19 ќе укаже на тоа дека лицето било изложено на вирусот и заздравило, дури и ако лицето никогаш не покажало симптоми.

Ова тестирање може да се користи и за оние кои веќе имаат коронавирус и за оние кои немаат.

Теоретски, оние што ја имале болеста, тогаш би можеле да се вратат безбедно да работат под претпоставка дека сега се имуни.

Сепак, СЗО вели дека во моментов нема докази дека луѓето кои се опоравиле од ковид-19имаат и антитела.

Имунитетски пасоши

Некои влади сугерираат дека откривањето на антитела за ковид-19 може да послужи како основа за „пасош за имунитет“ или „сертификат без ризик“ што ќе им овозможи на поединци да патуваат или да се вратат на работа, под претпоставка дека се заштитени од повторна инфекција.

СЗО пак, вели дека во моментов нема докази дека луѓето кои се опоравиле од ковид-19 имаат антитела и се заштитени од втора инфекција.

Антигени тестови

Антигените тестови анализираат примерок од пациентот за присуство на странски супстанции како вируси или бактерии и се користат за да откриваат дали некој има грип.

Дали крвната плазма е спас од коронавирусот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Овие тестови не бараат специјализирана лабораториска работа или скапа опрема и, според тоа, тие теоретски би биле идеално решение за правење широко распространето тестирање на луѓе за ковид-19.

Тие дури може луѓето сами да ги прават дома.

СЗО тврди дека коронавирусот има природно потекло

Сепак, во моментов не постои сигурен антигенски тест за коронавирус, иако компаниите работат на тоа.

Според СЗО, постојните тестови за антиген ги идентификуваат пациентите со ковид-19 со точност што се движи помеѓу 34 и 80 проценти.

Антивирусни лекови

Антивирусни лекови ја нарушуваат способноста на вирусот да се реплицира и да заразува повеќе клетки во телото на пациентот.

Неколку антивирусни лекови во моментот постојат но, научниците го бараат оној кој може ефикасно да се справи со ковид-19.

САД одобрија лек за лекување на пациенти со КОВИД-19

На 29 април, американските научници објавија дека клиничкото испитување на лекот ремдесивир покажало дека пациенти кои биле сериозно заразени со ковид-19 за 30 проценти побрзо заздравуваат од пациентите на кои им бил даден плацебо.

Ремдесивир првично бил развиен за лекување на еболата, но не бил ефикасен.

Приказни на медицинските лица во првите редови
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Научниците исто така тестираат хидрохлорохин (се користи за лекување на маларија), и неколку други антивирусни лекови, бидејќи тие продолжуваат со потрагата по она што може да се користи како лек против ковид-19.

(Претходни термини)

Ковид-19

Ова е името на пандемијата со коронавирус, односно болеста која се прошири низ целиот свет. Таа е предизвикана од новиот коронавирус кој се појави најпрвин во Вухан, Кина.

Коронавирус

Тоа е името на семејството вируси од видот корона како што е Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) и Тежок акутен респираторен синдром (САРС- КоВ).

САРС-КоВ-2

Станува збор за научното име на вирусот кој може да ја предизвика болеста ковид-19. Тој означува тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2.

Физичко дистанцирање ( не е исто со социјално дистранцирање)

Така се нарекуваа мерките за ограничување на личниот контакт помеѓу луѓето надвор од нивните домови со цел да се спречи ширењето на болеста, дури и помеѓу луѓе кои немаат или не покажуваат никакви симптоми.

Светската здравствена организација препорачува луѓето да држат растојание меѓу себе од најмалку два метри.

СЗО почна да го користи терминот „физичко дистанцирање“ кој е многу посоодветен и не подразбира дека луѓето треба да се разделат.

Самоизолација

Посериозна форма на физичко дистанцирање кое најчесто се препорачува на луѓе од високо ризични групи кои се поранливи на заболувањето. За нив се препорачува да се самоизолираат.

Кога повторно ќе излеземе од домовите?

Самоизлолацијата исто така се препорачува и на луѓе кои треба се изолираат од остатокот од популацијата поради опасност од тоа дека биле во контакт со луѓе кои биле дијагностицирани позитивно на КОВИД-19.

Тие мора да поминат 14 дена во самоизлолација со цел да се осигурат дека не се заразени.

Затворање дома

Овој термин најчесто се користи како задолжителна мерка која ја носат властите за жителите на одреден град или регион.

„Поздрав од мојот прозорец“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Тој означува дека луѓето треба да останат во своите домови со цел да се спречи инфицирање или ширење на инфекцијата.

Многу земји ваквата мерка ја спроведуваат на целата територија.

Карантин

Станува збор за најтешката форма на изолација која ја наметнуваат властите за време на епидемијата со Коронавирусот.

Таа состојба најчесто означува строги мерки за одделување на заразените пациенти од остатокот од популацијата.

Исто така овој термин може да се однесува и на превентивното одделување на луѓе кои се од висок ризик за добивање на заболувањето.

Заштитна опрема

Лична заштитна опрема е опремата која ја користат медицинските сестри и докторите со цел да се заштитат од заболување.

Таа вклучува хируршка маска или маска за дишење, визири, штитници за лице, ракавици и престилки.

Како да направите маска за лице дома
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00

Респиратор

Респираторот е уред за лична заштита кој се носи на лицето или на главата и ги покрива најмалку носот и устата.

Нов живот под маски и на дистанца

Ваквите маски се користат најмногу во болнички услови со цел да се намали ризикот од вдишување на заразни бактерии.

Надвор, тие исто така можат да се користат и како заштита од друг вид опасни честички во воздухот или гасови.

Вентилатор (апарат за вентилација)

Овој апарат се употребува во болниците со цел да напума воздух, најчесто помешан со дополнителен кислород, во белите дробови на пациентот кој не може да дише сам без поддршка поради тешка инфекција која предизвикува откажување на работата на белите дробови.

Апаратот пренесува воздух преку маска за пациенти кои имаат полесни симптоми на заболување.

Додека кај пациентите со потешка инфекција на белите дробови обезбедувањето на воздух се врши преку цевка која се става директно во дишните патишта на пациентот.

Дишењето со помош на апарат помага да му се даде на пациентот време потребно за неговиот или нејзиниот имунолошки систем да го уништи вирусот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG