Вухан се уште живее во страв
Психологозите предупредуваат дека и откако ќе бидат укинати мерките за превенција од коронавирусот во регионите погодени од пандемијата, на луѓето ќе им треба време повторно да се приспособат на животот. „Долготрајната закана“ од вирусот ги прави луѓето да се чувствуваат дека веќе никогаш не ќе можат да се релаксираат. Тоа го покажува и искуството од Вухан, од каде што почна пандемијата.