Достапни линкови

Брзи избори за шест месеци - „за греота сме“ -вие коментирате


Архивска фотографија: Гласање во вториот круг од претседателските избори 2019
Архивска фотографија: Гласање во вториот круг од претседателските избори 2019

Недобивањето датум за преговори со ЕУ и договорот за избори на пролет се главни теми на кои коментираат нашите читатели на Фејсбук.

Откако ЕУ не ѝ додели датум на Македонија за почеток на пристапни преговори со Унијата, партиските челници кај претседателот Стево Пендаровски веќе се договорија – вонредни парламентарни избори, како што изјави премиерот Зоран Заев „за народот да добие мандат по кој пат сака да оди“, на 12 април, а формирањето техничка влада според Пржинскиот договор ќе биде на 3 јануари. Граѓаните различно реагираат на оваа нова ситуација, па во коментарите на нашата ФБ страница може да се прочитаат и одобрувања и жестоки критики против лидерите на двете најголеми партии.

За Жаклина Спасовска тоа е „купување време за да можат да ја уништат демократијата што ја имаме и пак да завладее нивната диктатура. Како ќе живееме во иднина“, вели Спасовска, „зависи само од нас, а за тоа после немој да викаме од навика дека сите други се виновни само не ние“. Дашмир Рамани пожелува „Среќен пат кон Тунгузија“, а ИгорВики Магероски своето мислење го искажал со подолг коментар: „За греота сме. Овој мора да се смени и суди. Ама исто ќе биде за греота ако дојде ВМРО со Мицко некадарниот на власт. Мора да се казнат и ВМРО и СДСМ, на наредните избори да се гласа за Единствена Македонија и Левица без разлика што се мали партии, подобро тие отколку претходните и сегашниве“. Зоран Ивановски му се обраќа директно на претседателот на државата: „Доколку сакате да бидете претседател на сите граѓани во вакви моменти треба да ги повикате сите партии, па и вонпарламентарните. Особено кога 2/3 од гласачкото тело е незадоволно и неопределено“. Потпишана со Соња Охрид, со доза на иронија и хумор предлага: „Јас сум за принудна управа со стечаен премиер, по можност Швајцарец сосе тим судии од Стразбур и појачување на полицијата од Еулекс!!!“ За Мики Јованов „Македонија се спаси од предавствата“, а Марко Митески има спротивно мислење: „Абе, вмровци, нит ви се сака нит ве боде, а знаете и самите оти сарма ќе ве направат вака или онака, вие не се враќате на власт уште минимум 10 години!“

Лидерите се договорија - избори на 12 април
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

По изјавата на Христијан Мицкоски уште пред лидерската средба, дека „нема да прифати избори без техничка влада“, Тошо Поповски го потсетува: „Абе, жмицко, тоа е законска обврска, не е ни твоја ни ничија желба или услов“. А во пост скриптум прашува: „Туку, со хидроцентралите шо праиме?“ Бардур Мимидиновски постирал: „Овој ако продолжи вака, ќе побара да биде премиер без избори“.

Посетителите на ФБ на РСЕ ја коментираат и изјавата на премиерот Заев дека „граѓаните на брзи избори треба да го одредат патот по кој ќе продолжи земјата“. Милица Стокиќ напишала: „Какви реформи, само ја продадовте татковината“, а Анчо Тасевски смета дека кариерата на Заев завршила и „сите во Шутка“. Но Мукрем Бафтири вели: „Ќе му дајме уште еден мандат на Зоран Заев“. Благоја Груевски не е ни за СДСМ ни за ВМРО: „Се видоа и двете партии“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG