Достапни линкови

Власта апелира на трезвеност по одлуката на ЕУ, а опозицијата бара избори


Политичките лидери во Скопје по одлуката на земјава да не и се додели датум за почеток на преговорите со ЕУ зборуваа за емоции и разочарување, а побараа единство. Опозицијата пак побара и оставка од премиерот Зоран Заев и предвремени избори.

Емоциите на страна, мораме трезвено да се соочиме со новата реалност- ова е првичната реакција на претседателот Стево Пендаровски по немањето на одлука за почнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската унија.

„Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија – нашата иднина и иднината на генерациите што доаѓаат “, рече шефот на државата, кој најави лидерска средба за в недела, а поканата рече ја прифатиле сите.

Пендаровски бара единство, а Мицковски вонредни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:31 0:00

Од кабинетот на премиерот Зоран Заев пак брифираат дека во тек биле консултации на различни нивоа. „Одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом има одлуки истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста“.

Премиерот, како што велат од неговиот кабинет, остварил комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Хан. Според нив, од сите европски лидери стигнала јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите. „Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени“.

Министрите разочарани- нарушен европскиот кредибилитет

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, пак,напиша дека „најмалку што ЕУ му должи на регионот е да биде директна со нас“.

„Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од Самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат“, пишува Димитров.

Вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи одлуката ја нарече неправда која не смее „да не одалечи од нашите за изградбата на европска Република Северна Македонија.

„Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денеска е нарушен. И тоа е нормална, логична и природна последица кога една Унија изградена на принципи ќе го наруши основниот принцип и нема да го одржи сопствениот збор“, напиша Османи на Фејсбук.

Опозицијата бара предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Европскиот совет „е пораз на политиките на Зоран Заев и оваа власт“ и повторно повика на предвремени избори.

„Време е за мудри, логични и одлучни одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се диксутира за сето ова, а пред се за иднината на Македонија. А, Македонија е пред крупни одлуки кои ќе донесат промени и има иднина за која сите заедно ќе се избориме бидејќи доаѓа обновата. Изборите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт, туку се потребни за да покажеме на светот но и кај разочараните кои ги разбирам совршено дека можеме подобро, можеме поинаку и дека има надеж, Македонија ќе успее“, рече Мицкоски.

И опозиционите партии од албанскиот политички блок Беса и Алијансата на Албанците, пак слично како и ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од премиерот Заев и одржување предвремени парламентарни избори. Лидерот на Беса Биљаљ Касами рече дека ова е неуспех на владата,

Разочараност има и кај граѓаните на Скопје:

Сè дадовме и пак не уценуваат - граѓаните за ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG