Западен Балкан! Предизвици и можности на земјите од Западен Балкан. Можности на земјите од Западен Балкан да станат членки во ЕУ и НАТО. Сите овие работи постојано и секојдневно ги слушаме и среќаваме по медиумите. Но, дали навистина сме свесни за предизвиците и можностите кои ни престојат доколку навистина сакаме едно подобро УТРЕ. Сите држави од Западен Балкан имаат речиси исти проблеми, како што се: Чести политички кризи, често само декларативно придржување на демократскиот принцип за владеење на правото и правната држава, здравство и здравствен систем од кој не се задоволни ниту пациентите ниту здравствените работници, постојаното иселување на младите во потрага по подобри услови за живот и работа.
Како што веќе напоменав. имаме доста предизвици и проблеми кои што мораат да се решат во наредниот период, но многу важна и суштинска ќе бидет вклученоста и подршката од нас младите луѓе во решавањето на проблемите. Бидејќи само со образовни и мотивирани млади луѓе можеме да дојдеме до суштински промени во нашето општество. На тој пат, за Република Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан од суштинско значење е подршката и подадената рака од ЕУ и НАТО како наши стратешки партнери.
Наша обврска е да ги извршиме суштинските реформи во повеќе сфери на општеството, почнувајќи од реформи во правосудството, здравствениот систем, и можеби над се, јас би рекол реформа на свеста на граѓанинот дека не треба да биде само нем набљудувач и критичар туку и активен учесник во промените кои значат подобро општество за сите нас.
Во оваа смисла дозволете да ги цитирам зборовите на Претседателот на САД, Абрахам Линколн „Граѓаните не треба само да бараат државата нешто да стори за нив туки и да се запрашаат што тие сториле за неа“. Нам ни престојат неколку суштински промени на кои веднаш треба да почнеме со работа. Мораме нашата таковина Република Севеерна Македонија и останатите земји од Западен Балкан да ги направиме попристојно катче за живеење, а не држави во кои најголем дел од младите луѓе размислуваат да ги напуштат бидејќи овде не гледаат иднина за себе и своите најблиски.
Кога ние младите бунтовно реагираме за некои состојби кои се случуваат во нашата држава, а ние сметаме дека треба да се променат, често пати постарите знаат да ни се обратат во нашето општество со зборовите: „Се уште си многу млад... не знаеш... не оди тоа така лесно“. Но, јас никогаш не премолчувам. Мирно одговарам: „Можеби се уште сум млад, но брзо учам да препознавам и осознавам“. Секојдневно препознавам и осознавам дека живеам во општество каде голем дел од младите луѓе се невработени и живеат во економска и културна сиромаштија недостојна за овој век. Препознавам и осознавам дека критериуми за вреднување на човекот често се партиски или лични врски и пријателства а многу малку човечкото знаење и труд.
Препознавам и осознавам дека многу општествени вредности како толеранцијата и слободата на мислење и изразување не се почитуваат доволно, а уставот и законите не важат секогаш подеднакво за сите. Често можеме да слушнеме дека на „запад, во западните држави“ не е така, дека во тие општества економската и културна благосостојба е многу на повисоко ниво, или дека таму на „запад“ се почитува трудот на човекот исто како толеранцијата и слободата на изразување. Притоа како да се заборава дека тие општества тоа не го добиле на подарок од некого, забораваме дека и ним им бил потребен многу труд, посветеност и време да го постигнат тоа. Затоа мораме да се бориме за нашите права, за нашата егзистенција, за почитување на законите и правото. Мораме да изградиме едно опшество каде ќе владее меѓусебната почит, опшество каде ќе се почитуваат правата и законите и ќе важат подеднакво за сите, опшество каде младите нема постојано да се иселуваат и својата иднина да ја гледаат во странските држави. Бидејќи иднината останува на нас младите. Се разбира дека тоа нема да биде лесно. Можеби тоа ќе биде многу тешко и од денешна гледна точка тоа изгледа невозможно, но јас сум голем оптимист и верувам дека можеме да успееме во тоа.
Несомнено од суштинска важност за сите држави од Западен Балкан ќе биде нивното што е можно побрзо вклучување во ЕУ и НАТО. Со самото членство во ЕУ и НАТО, би се зајакнала економската состојба во овие земји и би се отвориле голем број на нови работни места и би се зголемил бројот на капитални странски инвестиции. Исто така би се зајакнала стабилноста и мирот во овие земји. Знаеме дека помеѓу овие држави од Западен Балкан има некои децениски спрови и проблеми кои мораат да се решат во наредниот период. Таков на пример беше деценискиот спор кој мојата држава го имаше со соседна Република Грција во врска со името. Но заедно со нив успеавме со многу решителност, труд и заложби да го решиме тој проблем и двете страни да бидат задоволни со постигнатите резултатите. Ова е само еден убав и позитивен пример за решавање на еден децениски голем спор, кој што треба да ги потикне и останатите земји да ги решат некои од нивните проблеми со соседните земји.
Секој човек и неговиот труд се делче од мозаикот на успехот. Ајде сите заедно со многу труд, знаење и посветеност да направиме нашите земји да станат едно поубаво катче за живеење каде младите ќе речат „Јас сакам да живеам во мојата Татковина, јас се гордеам со неа”. Верувам дека овие наши држави го заслужуваат напорот од нас младите да помогнеме тие да бидат место каде ќе се живее поубаво и побезбедно, во друштво со развиените западни демократии од кои имаме што да научиме. Верувам дека нашите држави заслужуваат да бидат дел од современиот свет кој е во потрага по непречена комуникација и меѓусебна соработка. Убеден сум и верувам дека нашите држави во наредните години ќе станат едно одлично место за живеење според концепто „Едно опшество за сите“. Но, како што веќе реков треба многу труд, знаење и дисциплина за да ги постигнеме саканите резултати. Верувам во младите луѓе во нашите земји и верувам дека секој од нив како поединец, индивидуа ќе придонесе најмногу што може со своите вештини и знаења во развојот и напредокот на нашите земји. Бидејќи ЗАПАДЕН БАЛКАН има светла Европска иднина!
Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.