Достапни линкови

Преспанскиот договор и изборите во Грција


Знамиња на Северна Македонија и Грција
Знамиња на Северна Македонија и Грција

Пет месеци по лутите митинзи во поголемите градови против контроверзниот договор за името со Северна Македонија, ова прашање едвај може да се забележи во кампањата за предвремените парламентарни избори на 7-ми јули. Но, таканаречениот Преспански договор меѓу Атина и Скопје беше многу критична точка за многу гласачи, особено во северниот дел на Грција.

„По кризата, сиромаштијата и невработеноста, тоа беше последната сламка. Владата нè предаде“, вели 39 годишниот работник Христос Бигликудис, жител на Пела, северна Грција, стоејќи пред кафулето кое бил принуден да го затвори поради економската криза.

Преспанскиот договор - „последната сламка“ врз лутите грчки гласачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

„Целава ситуација: невработеност, беда, сиромаштија, нема иднина, нема надеж, а потоа го правите ова (Преспескиот договор). Како очекувате да бидете избран?“

Тој мисли на Сириза левичарската партија на премиерот Алексис Ципрас, кој посредуваше во Преспанскиот договор заедно со неговиот македонски колега Зоран Заев.

На изборите за европарламентот во мај, Сириза беше поразена за речиси 9,5 процентни поени од конзервативната Нова демократија, која силно се спротивстави на договорот за името како штетен за грчките интереси.

Во таа кампања Сириза ги изгуби гласачите во северниот дел на Грција, а во некои области заостануваше зад Нова демократија дури за 20 проценти.

Дебаклот беше поголем една недела подоцна, кога Нова демократија на локалните избори ги презеде со исклучок на два, сите грчки региони.

Претходно, самиот Ципрас призна дека Преспанскиот договор, за кој тој и Заев се номинирани за Нобелова награда за мир - бил „штетен“ за партијата.

„Имаше политички трошоци ... имаше реперкусии на национално ниво", изјави тој за државната телевизија ЕРТ.

Никос Маранцидис, професор по политички науки на Универзитетот Македонија во Солун вели:

„Преспанскиот договор немаше драматичен ефект од кој многумина се плашеа или очекуваа, односно огромен пад на процентот на Сириза во Македонија во споредба со остатокот од Грција“.

Сепак, според него, Преспанскиот договор и го даде на Нова демократија многу неопходниот „психолошки и морален поттик“ по години на дефанзива.

На претходните избори во 2015 година, конзервативците мораа да се бранат од обвинувањата за „соработка“ и „предавство“ на Грција на нејзините странски доверители.

Неочекуван добитник

Се чини дека главниот добитник од Преспанскиот договор беше една нова партија, националистичката, „Грчко решение“, која на својот прв настап оствари над 4 насто од гласовите, обезбедувајќи место во Европскиот парламент.

Грчкото решение е предводена од Киријакос Велопулос, поранешен екстремно десничарски пратеник и новинар, кој подоцна се сврте кон ТВ шопингот.

Велопулос кој е проруски настроен и чува фотографија на Владимир Путин во неговата канцеларија, се соочи со потсмез за тоа што продава таканаречена „благословена“ паста за заби наводно направена од православни монаси и писма наводно напишани од Исус Христос.

Но, контроверзноста не му наштети на Велопулос.

Неговата партија допре до социјалните медиуми со патриотска реторика, а во некои делови од северна Грција заврши на третото место на европското гласање со проценти близу 8 насто.

Хараламбос Панајотидис, наставник по фискултура и кандидат на оваа партија вели:

„Јас верувам дека голем процент од електоратот што гласаше за нас беше, се разбира, против Договорот од Преспа“.

Сепак, има и такви како општинскиот работник Константинос Мидос, кои сметаат дека Преспанскиот договор едобар:

„Мое мислење е дека Преспанскиот договор е најдоброто нешто што ни го претстави владата на Сириза. Тоа е најдобриот договор што можеше да се постигне со Северна Македонија“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG